Новости

ХИВ како основа за дискриминација во Северна Македонија – искуства и предизвици

Во духот на нашата мисија за поддршка и недискриминација на луѓето кои живеат со ХИВ, на 24 oктомври, „Заедно посилни“ – Скопје и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација организираа консултативен состанок со наслов „ХИВ како основа за дискриминација во Северна Македонија – искуства и предизвици“.

На настанот присуствуваа претставници од Народниот правобранител, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за заштита на личните податоци, Лекарската комора на Македонија и Клиниката за инфективни болести. Присутните анализираа случаи на дискриминација врз основа на ХИВ-статусот кои се случиле во последните неколку години во Македонија, споредувајќи ги со слични случаи од Европа и пошироко за кои постапувал Европскиот суд за човекови права.

Во текот на дискусијата, учесниците имаа шанса да ги анализираат најчестите случаи на повреда на човековите права на луѓето кои живеат со ХИВ, но и предрасудите за ХИВ и искуствата на луѓето кои живеат со ХИВ при процесирањето на случаите. Човековите права, без разлика на здравствениот статус на индивидуите, мора да бидат почитувани од сите физички и правни лица.

Повик за ангажирање консултант: консултант за изработка на предлог-текст на национално упатство за ХИВ-тестирање

Краен рок за пријавување: 28.10.2024

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за изработка на предлог-текст за национално упатство за давање на услуги за ХИВ-тестирање во Северна Македонија, во согласност со меѓународните пракси и препораките на релевантни организации.

Овој консултантски ангажман е овозможен во рамките на регионалниот проект „Одржливост на услугите за клучните засегнати популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (СоС 2.0), а е дел од работната програма на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ за 2024 година, која е поддржана од Европската Унија.

1. Контекст

ХИВ-тестот е единствен начин на кој може да се открие ХИВ-инфекцијата во човековиот организам. Потврдувањето на инфекцијата, пак, се врши преку комбинација на одредени тестови за ХИВ во согласност со утврдени алгоритми. ХИВ-тестирањето претставува клучна интервенција во стратегиите за ставање крај на епидемијата на ХИВ на светско ниво, како и во Македонија, имајќи го предвид приоритетот да се дијагностицираат што поголем број лица што се инфицирани со вирусот, а не се свесни за тоа.

ХИВ-тестирањето во Македонија е достапно во различни форми и се нуди во различни институции и организации, вклучувајќи го и граѓанскиот сектор. Во Република Северна Македонија досега не постои национално упатство што го регулира начинот на којшто се нудат услугите за ХИВ-тестирање и дијагностика на ХИВ, иако постои Водич за доброволно советување и тестирање (ДСТ) кој го утврдува начинот на нудење на услугите за ДСТ што се даваат во рамките на граѓанскиот сектор и во некои здравствени установи. Во 2022 година, за прв пат во Македонија беше воведена опцијата за самотестирање за ХИВ врз основа на нарачување преку интернет. Сепак, светските искуства од последните десетина години, одразени и во официјалните препораки на релевантни меѓународни организации, упатуваат на нови успешни пристапи во нудењето на ХИВ-тестирањето, како во здравствениот сектор, така и на ниво на заедницата, вклучувајќи и сè поголемо демедикализирање на оваа услуга, со цел да се овозможи што поголема покриеност на клучните засегнати популации. 

Врз основа на нацрт-Националната стратегија за ХИВ до 2030 година и приоритетите определени од Националната комисија за ХИВ во последните неколку години, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје има намера да го поддржи развивањето на предлог-текст за национално упатство за давање на услуги за ХИВ-тестирање во Северна Македонија, во согласност со меѓународните пракси и препораките на релевантни организации – со цел да служи за подобрување на квалитетот, видот и достапноста на услугите за ХИВ-тестирање. Развиениот предлог-текст ќе биде разгледуван од Националната комисија за ХИВ и други релевантни чинители, по што се очекува ажурирана верзија од упатството да биде и формално усвоена од Министерството за здравство.  

2. Опис на работните задачи

Од ангажираниот консултант се очекува да ги исполни следниве задачи:

  • Да ги анализира релевантните светски препораки во однос на ХИВ-тестирањето, особено упатствата на Светската здравствена организација и на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите;
  • Да ги истражи и категоризира видовите услуги, односно начините на коишто се нуди ХИВ-тестирањето во Република Северна Македонија;
  • Да спроведе консултации со организации и институции што нудат ХИВ-тестирање во земјата;
  • Да изготви предлог-текст за национално упатство за спроведување на услуги за ХИВ-тестирање во Северна Македонија, во согласност со препораките на Светската здравствена организација и на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите кое понатаму би било разгледувано од Националната комисија за ХИВ.

Одговoрно лице за спроведување на ангажманот на консултантот ќе биде програмскиот координатор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

3. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации:

  • Повеќе од 5 години искуство во областа на јавно-здравствени и здравствени политики;
  • Искуство во истражувачка работа во областа на ХИВ;
  • Одлично познавање на спецификите на епидемијата на ХИВ во Северна Македонија и на националниот одговор кон ХИВ;
  • Докажани аналитички вештини;  
  • Професионално користење со англискиот јазик; 
  • Способности за планирање и организација со цел навремено исполнување на зададените задачи.

4. Критериуми за избор

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

  • Претходно учество во развивање на официјализирани (т.е. усвоени) национални упатства, стандардни оперативни процедури, протоколи или други документи од оваа категорија (да се наведат во пријавата за конкурсот)
  • Познавање на моментално достапните услуги за ХИВ-тестирање;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

5. Временска рамка, надомест и други услови

Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 18 (осумнаесет) консултантски дена. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 10 декември 2024 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 150 американски долари во денарска противвредност за еден консултантски ден.

Во однос на динамиката на испорака, консултантот треба да достави прва верзија на предлог текст на национално упатство за спроведување на услугите за ХИВ-тестирање во Република Северна Македонија, најдоцна до 30 ноември, 2024 г. и конечна верзија до 10 декември, 2024 г. 

6. Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 28.10.2024 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Изјава за интерес
  • Професионална биографија (на македонски или англиски јазик).

Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – упатство за ХИВ-тестирање“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот.

Call for consultant: external expert on the evaluation of the continuum of HIV care and implementing the ECDC HIV Platform Tool

Deadline for submission: end of day on 18 September, 2024

Background

Stronger Together, Association for Support of People Living with HIV from Skopje, North Macedonia, is a community-based organization that supports people living with HIV in executing their rights and strives to shape public policy towards ending the HIV epidemic. Stronger Together supports the building of capacities and expertise in the country in regards to the national response to HIV, including in the field of surveillance and data analysis. Moreover, it is part of the organization’s mission to contribute to the effectiveness of the national response to HIV and to support the country’s progress towards achieving the 2025 targets with regards to HIV (i.e. by 2025, 95% of all people living with HIV to be aware of their HIV status; 95% of those aware to be on HIV treatment; and 95% of those taking treatment to have completely suppressed the virus). 

As the evaluation of the continuum of HIV care is not performed on regular basis by relevant institutions in North Macedonia (i.e. Institute of Public Health), the conducting of this exercise is included in the organization’s annual work program for 2024, which is supported by the European Union, as well as through the regional SoS Project 2.0 funded by the Global Fund to Fight AIDS Tuberculosis and Malaria. In order to respond to the lack of technical expertise in the country, an external expert will be engaged to support the process. The evaluation of the continuum of HIV care in North Macedonia for 2023 will be conducted by a team of national experts with backgrounds in epidemiology, infectious diseases, as well as community-based research and advocacy, who will be supported by the external expert with specific expertise for this particular task. The activity will include a capacity building element in the sense of transferring know-how to national experts, so that the Institute of Public Health could take on performing the analysis on a regular annual basis in future.

North Macedonia has a low-level HIV epidemic concentrated within the population of men who have sex with men, where HIV prevalence was estimated at 5.4% in 2018.

Purpose

The purpose of this technical assistance is to provide support to a national team of experts for proper methodological evaluation of the stages of the continuum of HIV care at the end of 2023, including an estimation of the total number of people living with HIV at the end of that year using the ECDC HIV Platform Tool, based on the available clinical and epidemiological data. A special focus in the analysis will be given to the subset of data related to men who have sex with men, considering the nature of the epidemic in North Macedonia. This Call for consultants is being announced for the purpose of identifying and engaging the external expert to provide technical assistance to the national team for evaluating the HIV continuum in North Macedonia.

Tasks of the consultant

The consultant will be expected to perform the following tasks within the framework of the technical support:

  1. Provide instruction on using the ECDC HIV Platform Tool to a national expert or experts with the objective of enabling independent use of the tool in future (1 day) 
  2. Provide technical support to the local team and a national expert(s) on the methodology for evaluating the three basic stages of the continuum of HIV care, including guidance and advice on dealing with missing data (1 day)
  3. Participate in joint implementation of the ECDC HIV Platform Tool and the continuum of care assessment methodology and in developing draft and final reports (3 days)

Total number of days for the consultancy: 5 days. 

Timeframe of the consultancy

The services under this consultancy should be accomplished till 31 October, 2024. 

Remuneration

A contract for provision of services will be signed between the consultant and Stronger Together. The time needed for completing the tasks is estimated at, and should not exceed, 5 working days (1 working day = 8 hours). The consultant will be remunerated at the rate of 300 USD per 1 day. The consultant will have the responsibility to take care of all social security or income tax payments required by the law in the country of their residence. 

Requirements for the consultant

The consultant is expected to have:

  • Expertise in HIV epidemiology and/or public health (to be confirmed by education and relevant working experience)
  • Experience in performing analyses related to continuum of HIV care in other countries
  • Practical knowledge of the ECDC HIV Platform Tool
  • Experience in conducting trainings on methodology related to the evaluation of the HIV continuum of care
  • Good English oral and writing communication capacities

Selection criteria

Only applications fulfilling the requirements will be considered. The selection will be based on the level to which the applicant fulfills the basic requirements of this call. In addition, advantage will be given to applicants with experience of performing the same or similar task in other countries and/or in comparable epidemiological contexts. Background in community-based research will also be considered an advantage.

How to apply

Interested candidates are invited to send their CV with relevant experience to [email protected] with subject ‘HIV continuum’. 

The application should preferably include (as links or attachments) any published materials and/or other previous work of the applicant relevant for this particular call.

Any potential questions should be addressed to [email protected] 

The deadline for submitting an application is the end of day on 18 September, 2024.

КОНКУРС за вработување на координатор за комуникации

Рок за пријавување: до 20 септември, 2024 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата 

координатор за комуникации 

Позицијата се отвора за период во траење до крајот на 2024 година, со тримесечен пробен период и со можност за продолжување по 31.12.2024.

Опис на работната позиција

Координаторот за комуникации се грижи за редовна комуникација на Здружението за своите активности со јавноста, медиумите и целните групи на нашата мисија, осмислува комуникациски пристапи и пораки, координира процеси на продукција на комуникациски продукти, раководи со веб-сајтот на Здружението и со профилите на социјалните медиуми, раководи со активностите на Здружението за мобилизирање на локални ресурси, организира настани.

Работни задачи

Поконкретно, координаторот за комуникации:

  • раководи со веб-сајтот и службените профили на социјалните медиуми на Здружението – креира, ажурира, оптимизира содржини и пораки; 
  • се грижи за подобрување на видливоста на работата на Здружението на социјалните медиуми и за зголемување на посетеноста на веб-сајтот;
  • координира процеси на продукција на комуникациски продукти од надворешни маркетинг и ПР агенции;
  • осмислува комуникациски пристапи за промоција на ХИВ-тестирањето; 
  • го развива и спроведува планот со активности за одбележување на Светскиот ден на СИДА и подигнување на јавната свесност за ХИВ;
  • ги координира и учествува во активностите на Здружението за мобилизирање на локални ресурси.

Условите на работната позиција подразбираат делумна флексибилност и можат да бидат предмет на договор, со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. 

Неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги имаат следниве квалификации: 

  • завршено високо образование;
  • солидни вештини за уредување, развивање содржини и комуникација преку нови и традиционални медиуми;
  • одлични вештини на усна и писмена комуникација на македонски и англиски;
  • познавања или искуство од областа на дигиталните комуникации (особено Twitter, Facebook, Instagram, YouTube и др.); 
  • одлично познавање и сензитивност во врска со прашањата што ги засегаат ЛГБТ луѓето;
  • силна мотивираност за унапредување на здравјето и квалитетот на живот на луѓето засегнати од ХИВ; 
  • апсолутна доверливост и сензитивност за работа со луѓе што живеат со ХИВ и припадници на заедниците засегнати од ХИВ;
  • изградени вештини за логистика и спроведување на административни задачи;
  • организираност и самоиницијативност.

Предности

Следниве дополнителни квалификации ќе се сметаат за предност при изборот на кандидат за работното место (но не се предуслов):

  • работно или волонтерско искуство во областа на комуникациите;
  • вештини за користење програми за графичко уредување;
  • познавања од областа на издавачката дејност и/или процеси на продукција на видео и аудио материјали;
  • познавања на проблематиката поврзана со ХИВ;
  • повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

Постапка за избор на кандидат/-ка:

Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 5 најдобро рангирани кандидати/-тки ќе биде спроведено интервју и евентуално тестирање. Во зависност од резултатите од тестирањето и интервјуто ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понудена работната позиција. Сите кандидати ќебидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, најдоцна 10 дена по затворањето на конкурсот.

Потребни документи

Најдоцна до 20 септември, 2024 г., заинтересираните кандидати треба да достават по електронски пат:

  • професионална биографија во која ќе бидат резимирани клучните квалификации што одговараат на барањата на овој повик; и
  • писмо за мотивација (максимум 300 збора) во кое ќе објаснат зошто сакаат да работат на конкретната позиција и во конкретната организација и на кој начин би придонеле за унапредување на работата на Здружението кога би ја добиле работната позиција.

На кандидатите што ќе влезат во потесниот избор може да им биде побаран и контакт за препорака во текот на процесот на избор.

Важно: Особено се охрабруваат да се пријават на конкурсот лица што живеат со ХИВ и припадници на ЛГБТИ заедницата без разлика на ХИВ-статусот. Доверливоста во однос на ХИВ-статусот, доколку се сподели со комисијата за избор, е строго гарантирана, во согласност со Закон, како и со политиките и праксата на Здружението. 

Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс координатор за комуникации“ доставeте ги електронски на следнава адреса: [email protected]

Имплементација на партнерски проект: Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ – Скопје во партнерство со Здружение ЕСЕ, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување,  и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, го спроведуваат партнерскиот проект насловен „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“.  Организациите започнаа со спроведување на активностите од проектот од месец декември 2023, а предвидено е проектот да се спроведува до месец октомври 2026 година, односно во времетраење од 30 месеци. Главната цел на проектот е да се унапреди здравствената заштита на ранливите популации во Р. Северна Македонија врз основа на интензивна соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор во идентификувањето на потребите, планирањето на мерките, како и во испорачувањето услуги од областа на здравствената заштита. Специфични цели на проектот се следните: 1) Да се зајакне учеството на граѓанското општество во развивањето на здравствените политики и буџети на Владата на Северна Македонија од интерес на ранливи групи граѓани; 2) Да се зголеми ефективноста и финансирањето на владините здравствени програми засновано на докази и според потребите на ранливите групи; и 3) Да се создаде поволна правна средина за граѓанските организации како национални даватели на здравствени услуги која придонесува кон поголема одржливост на услугите за ранливите групи. 

Во фокус на активностите на проектот е да се постигне преку програмско и буџетско унапредување на 4 (четири) Програми за превентивна и куративна здравствена заштита на Владата на Република Северна Македонија кои се наменети за ранливи популации преку зајакнато учество на граѓанскиот сектор во планирањето, буџетирање врз основа на докази и овозможувачка правна средина за вклученост на граѓанските организации како даватели на услуги во рамки на Програмите. Четирите програми кои се предмет на работа во проектните активности се Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА и Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките  доенчињата.  Дополнително предмет на работа на овој проект ќе бидат и други релевантни стратeшки политики како Националната стратегија за здравје 2021–2030, националните стратегии за млади, родова еднаквост, еднаквост и недискриминација и инклузија на Ромите – во областите на здравството. 

Постигнати резултати и активности

Три клучни резултати ќе бидат постигнати преку спроведувањето на проектните активности, и тоа: 1: Воспоставен формален процес на консултација со граѓанското општество во подготовката на владините здравствени програми кои се засноваат на докази и идентификувани потреби на ранливите групи; 2. Унапредена заложба на Владата за превентивната здравствена заштита преку зголемени буџети и воведени мерки во превентивни програми според потребите на ранливите групи; 3. Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита за правно препознавање на граѓанските организации како даватели на здравствени услуги се влезени во формален процес на усвојување

Кон постигнување на резултатот број еден – Воспоставен формален процес на консултација со граѓанското општество во подготовката на владините здравствени програми кои се засноваат на докази и идентификувани потреби на ранливите групи, ќе придонесат следните активности.

Спроведување на анализа на четирите владини здравствени превентивни програми – која ќе опфати преглед на литература и документи, наоди од теренско истражување меѓу целните популации и споредба со начинот на подготовка и имплементација на соодветни програми во земји од ЕУ, а ќе резултира со препораки за унапредување на процесот на подготовка, буџетирање, спроведување и мониторинг на програми преку активно вклучување на граѓанските организации и граѓаните. Анализата на програмите ќе ни овозможи да подготвиме и публикуваме функционална анализа, која ќе биде појдовна основа за застапување и предлагање на мерки за унапредување на програмското и буџетското планирање и финансирање на превентивните програми, со фокус на активностите за маргинализираните групи. 

Организирање на консултативни работилници за креирањето на четири програми за 2025 и 2026 година. Имено низ консултација со Министерството за здравство, стручните тела, комисии и јавно-здравствени институции ќе се идентификуваат потребите за техничка поддршка и ќе се обезбеди нивното учество во анализите и економските евалуации на мерките од програмите. На мултисекторските работилници ќе се дискутираат наодите и препораките од истражувањата и од буџетската анализа со цел унапредување на планирањето, буџетирањето и спроведувањето на четирите програми за 2025 и 2026 година.  Во текот на спроведување на проектот планирано е да се спроведат осум консултативни работилници за унапредување на превентивните програми. 

Организирање на локални јавни настани, форуми на заедниците и акции за креативен активизам. Овие настани ќе се организираат за ромското население во Скопје, Куманово, Штип и Битола, и за заедниците на корисници на услугите за превенција на ХИВ, а ќе помогнат да се утврдат приоритетни здравствени проблеми и решенија. Воедно преку годишните акции за креативен активизам ќе ги актуелизираме здравствените проблеми на ромското население. За време на спроведување на проектот е планирано да бидат одржани најмалку 4 локални јавни трибини, 2 форуми на заедниците и годишни акции за креативен активизам.

Одржување на состаноци за координација и застапување со клучни чинители. Партнерските организации ќе подготват план за застапување, при што ќе се искористи специфичната екпертиза на секој од партнерите. Процесот ќе се координира на месечни состаноци за планирање и следење на спроведувањето на активностите; партнерите заедно или со учество од најмалку две организации ќе остваруваат состаноци за застапување со донесувачи на одлуки за политики релевантни за проектот. 

Кон постигнување на резултатот под број два – Унапредена заложба на Владата за превентивната здравствена заштита преку зголемени буџети и воведени мерки во превентивни програми според потребите на ранливите групи партнерските организации ќе придонесат следните активности.

Подготовка на економска анализа за идентификување на придобивките од инвестиции во превентивната заштита, која ќе прикаже на кој начин соодветната алокација на буџетски средства ќе резултира со придобивки за државата и граѓаните во насока на подобрување на здравјето и добросостојбата, како и заштеда на средства како од страна на државата, така и од страна на граѓаните. 

Спроведување на континуиран мониторинг поврзан со планирањето и имплементација на мерките од превентивните програми, кој ќе обезбеди следење на состојбите на годишно ниво во однос на планирањето на активностите, алоцирањето на буџетските средства, и спроведувањето на мерките од четирите програми, со цел да утврди дали постои унапредување на процесите и дали се земаат предвид потребите на ранливите групи. Покрај четирите превентивни програми, мониторингот ќе ги опфати и другите релевантни политики од областа на здравството. 

Подготовка на документи за креирање на јавни политики  на годишно ниво врз основа на наодите од анализите и извештаите од спроведениот мониторинг за секоја програма засебно, со конкретни барања до властите за унапредување на планирањето, спроведувањето и мониторингот на програмите преку активно учество на граѓаните, 

Спроведување на медиумска кампања за унапредување на здравствената заштита која ќе се фокусира на зголемување на свесноста за приоритетни прашања во здравството и ќе предложи системски решенија за нивно решавање, вклучувајќи и зголемено јавно финансирање во здравството. Комуникациските продукти за различните целни групи и теми (видеа, инфографици) и медиумското застапување преку традиционалните и новите медиуми ќе бидат осмислени во согласност со истражувањата и повратната информација од крајните корисници. Со цел спроведување на соодветно медиумско застапување планирано е одржување на конференции за печат, подготовка и испраќање на соопштенија за медиуми, подготовка и објавување на кратки видеа за застапување, медиумски гостувања и стории, платена промоција на социјални медиуми

Одржување на национални конференции за здравствената заштита на годишно ниво со клучните чинители и донесувачите на одлуки. На конференциите ќе бидат презентирани публикациите од спроведените анализи и истражувања преку кои ќе бидат презентирани утврдените недостатоци и потреби за унапредување на Програмата, а воедно ќе бидат презентирани и документите за јавни политики со цел да се презентираат конкретните препораки и барањата на партнерските организации до здравствените власти и останатите донесувачи на одлуки за унапредување на планирањето и спроведувањето на четирите превентивни програми и останатите здравствени политики. Воедно националните конференции ќе овозможат отворена дискусија на оваа тема помеѓу различни организации и институции, а се со цел унапредување на здравствената заштита на ранливите категории на граѓани. 

Кон постигнување на резултатот под број три – Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита за правно препознавање на граѓанските организации како даватели на здравствени услуги се влезени во формален процес на усвојување, ќе придонесат следните активности.

Подготовка на анализа за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, преку која ќе бидат обезбедени правни аргументи и препораки за донесувачите на одлуки од Владата и Собранието. 

Одржување на средби со работна група за подготовка на законски и подзаконски измени, која ќе биде составена од претставници на граѓански организации и Министерството за здравство. Групата ќе ги подготви предлог-измените врз основа на препораките од анализата, како и предлог-подзаконски акти за условите поврзани со нудење на одредени здравствени услуги од страна на ГОи за ранливи групи од населението со посебно значење за јавното здравје.

Спроведување на Парламентарно застапување, преку средби на меѓупартиската парламентарна група за ХИВ и сексуално и репродуктивно здравје и во соработка со Европскиот парламентарен форум за СРЗ, чија членка е групата. Ќе се овозможи редовна комуникација со пратеници од други парламенти за релевантните здравствени прашања и ќе се организираат 2 годишни работилници за законските измени и приоритетни здравствени прашања наменети за пратениците, стручната јавност и здравствените институции

Организирање на јавна расправа во Собранието за усвојување на измените и дополнувањата во Законот за здравствена заштита – во соработка со меѓупартиската парламентарна група за ХИВ и СРЗ, Комисијата за здравство и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РСМ. 

Влијание на проектот врз унапредување на здравствениот систем и здравствената заштита за ранливите групи на граѓани 

Преку спроведувањето на овој проект се очекува долгорочно и системско унапредување на неколку конкретни здравствени политики преку воведување нови мерки и зголемување на опфатот со постојните за девојките и жените, мајките и децата и ранливите групи граѓани. Ефектите од подобрени, соодветно буџетирани и на докази засновани програми, дизајнирани со значително граѓанско учество, ќе се резултираат со соодветна превенција и рана дијагноза на болестите, што ќе го подобри здравјето на населението, со фокус на ранливите групи, а воедно ќе генерира заштеди во здравствениот систем преку избегнати трошоци за скапо и непотребно лекување. 

Очекуваме спроведувањето на проектот да придонесе за успешност на очекуваната реформа на здравствените програми иницирана во рамките на техничката поддршка за Министерството за здравство за спроведување на националната здравствена стратегија, обезбедена од ЕУ, додека дел од решенијата – како механизмите на социјално договарање и на консултирање на граѓанскиот сектор во планирањето – да бидат интегрирани во законот. 

Преку законското препознавање на граѓанските организации како даватели на директни здравствени услуги ќе се обезбеди финансирање од домашниот буџет и поголема одржливост на услугите за ранливите и тешко-достапните популации во иднина.

Придобивки од проектот за партнерските организации

Проектните активности носат придобивки и за партнерските граѓански организации кои ќе ги зајакнат сопствените капацитети за програмско и буџетско застапување врз основа на докази и ќе постигнат поголема видливост за решавање на суштински проблеми поврзани со здравството. 

Целни групи и директни корисници

Примарни корисници во спроведувањето на проектот се Министерството за здравство, јавно-здравствените институции и стручните тела и комисии кои се вклучени во подготовката, спроведувањето, надзорот и следењето, и оценувањето на превентивни здравствени програми и здравствените политики (Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Универзитетска клиника за детски болести, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, здравствените домови, Комитетот за безбедно мајчинство, Националната комисија за ХИВ/СИДА) како и Собранието на Република Северна Македонија со фокус на членовите од Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ и СРЗ, Комисија за здравство и Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Директни корисници на интервенции во проектот се жените и девојките во репродуктивен период (15 – 49 години), мајките и децата;  луѓето кои живеат со ХИВ;  клучните популации засегнати од ХИВ: геј мажите, лицата кои инјектираат дроги и сексуалните работници;  Ромите со фокус на девојките и жените Ромки и лицата кои се социјално исклучени и кои се без здравствено осигурување. Измените на политиките и законите предвидени со оваа интервенција се однесуваат на унапредување на пристапот до услуги од јавно-здравствен карактер наменет за крајните корисници. Крајните корисници ќе бидат вклучени и во теренските истражувања, јавните настани и форумите со заедниците за идентификување на нивните потребите. Во интервенцијата се вклучени и две организации на самите заедници  – луѓето со ХИВ и Ромките, кои ги застапуваат правата на заедниците.

Буџет на проектот

Вкупниот буџет за спроведување на проектот изнесува 13 905 023 Денари. Буџетот е обезбеден преку поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.

Улогата и придонесот на Цивика Мобилитас за спроведување на проектот

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ – Скопје, како партнер во спроведување на проектот е поддржан од Швајцарија преку Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. 

Повик за ангажирање консултанти

Датум на објава: 31.5.2024 г.
Краен рок за пријавување: 7.6.2024 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за група консултантски ангажмани поврзани со унапредување на планирањето и спроведувањето на четири владини здравствени програми преку обезбедување докази и развивање предлози за унапредување на правната рамка. Консултантските ангажмани од овој повик се овозможени во рамките на партнерскиот проект „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ финансиски поддржан од Програмата Цивика Мобилитас со средства од Швајцарската Влада, и регионалниот проект „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project 2.0), кој е финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА. 

Овој повик за ангажирање консултанти се однесува на следниве консултантски ангажмани:

  1. Анализа на можностите и на постоен предлог за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита со цел да се регулира улогата на граѓанските организации во нудењето одредени услуги од здравствената заштита (обем на ангажманот: 8 консултантски денови)
  2. Развивање предлог-текст за подзаконски акти што ќе го дорегулира начинот и условите под коишто граѓански организации може да нудат одредени услуги од здравствената заштита (обем на ангажманот: 10 консултантски денови)
  3. Економска анализа на 4 здравствени програми врз основа на претходно изработена детална програмска и финансиска анализа (обем на ангажманот: 14 консултантски денови)
  4. Ревидирање на трошоците за услугите за превенција на ХИВ наменети за клучни засегнати популации со определување на трошок по клиент и утврдување на пакети на услуги финансирани во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција (обем на ангажманот: 12 консултантски денови)

1. Контекст

Различни категории граѓани уживаат незадоволителна корист од мерките и активностите утврдени со посебните владини програми, кои им се гарантирани со Законот за здравствена заштита. Така, на пример, со скринингот на рак на грлото на матката се опфаќаат околу 28 % од жените од целната група (наспроти опфатот од над 75 % во ЕУ), додека со скрининг за рак на дојка се опфатени едвај 1  % од жените од целната возрасна група (наспроти опфатот од 50 % – 83 % во ЕУ). Опфатот на Ромките со здравствени услуги за време на бременоста е драстично помал во однос на стандардите пропишани со важечки протоколи: помалку од една четвртина од бремените Ромки имале корист од мерките од програмите на Министерството за здравство. Доенечката смртност, која изнесувала 4,5 % во 2021 година на национално ниво, посебно го засега ромското население со стапка од 11,8 %. Северна Македонија има и меѓу најниските стапки на употреба на современа контрацепција во Европа, која изнесува 14 %, а само 8,6 % меѓу Ромките, и опфатот со бесплатните контрацептивни средства со програмата од 2021 бил под 1%. Адолесцентската бременост помеѓу 2016 и 2019 била дури шест пати повисока кај Ромките. 

Во услови на јавно-здравствената и финансиска криза во 2022 година Владата дополнително ги намали буџетите на 7 од вкупно 10 превентивни програми, со што кризата непропорционално негативно го засегна здравјето на ранливите граѓани. Буџетот на Министерството за здравство, од каде што се финансираат здравствените програми, се намали за дури 586 милиони денари и од околу 3% на само 2,1% од буџетот на државата за 2023 г. – наспроти значителниот пораст на вкупните предвидени расходи за истата година. Тоа резултираше со 70% намалување на средствата за редовни гинеколошки прегледи и анализи за бремените жени и за породување за жените без здравствено осигурување, и над 50% намалување на средствата за услугите што граѓански организации ги нудат на повеќе од 10.000 лица во ризик од ХИВ.

Буџетирањето и мерките од здравствените програми главно се потпираат врз историски параметри, наместо врз ажурирани проценки на потребите на ранливите популации и анализа на достапните докази за инвестирање во интервенции што ќе имаат најголемо влијание врз здравјето на луѓето. 

Во рамките на партнерскиот проект „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ финансиски поддржан од Програмата Цивика Мобилитас со средства од Швајцарската Влада, здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ЕСЕ – Еднаквост, солидарност и еманципација на жените, Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје ќе спроведат детални анализи на 4 здравствени програми: (1) Програма за активна здравствена заштита на мајки и деца, (2) Програма за заштита на населението од ХИВ-инфекција, (3) Програма за рана детекција и скрининг на малигни заболувања и (4) Програма за партиципација при користењето на здравствена заштита. Овие анализи ќе обезбедат дел од доказите и аргументацијата за соодветно планирање и финансирање на интервенциите од наведените програми. Дополнителна техничка поддршка ќе биде потребна за разработување и изложување на главните економски аргументи за инвестирање во избрани интервенции.

Во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција повеќе години наназад е воспоставена пракса на т.н. социјални договори, односно механизам преку којшто Министерството за здравство ангажира граѓански организации со соодветни квалификации и искуства за спроведување на дел од мерките и активностите предвидени со оваа програма. Тие опфаќаат првенствено специфични услуги за превенција на ХИВ и други крвно и сексуално преносливи инфекции, наменети за популациите изложени на поголем ризик, како и услуги од областа на сексуалното и репродуктивно здравје, вклучувајќи и дијагноза и третман на сексуално преносливи инфекции. Овие услуги се даваат на ниво на засегнатите заедници и претставуваат услуги со т.н. „низок праг“, односно настојуваат да ги отстранат можните пречки што би им отежнале на маргинализирани и ранливи индивидуи да ги искористат. Услугите за ХИВ-превенција и за сексуално и репродуктивно здравје во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција годишно ги користат околу 10.000 лица од популациите на лица што инјектираат дроги, мажи што имаат сексуални односи со мажи, сексуални работници и млади. За еден дел од овие лица во зголемен ризик, овие услуги претставуваат и единствен пристап до здравствена заштита.

Опишаната пракса беше воспоставена во периодот 2005 до 2016 година, а од 2017 година натаму функционира во рамките на финансирањето што се издвојува во Програмата за ХИВ од Буџетот на Република Северна Македонија. Постои историја на дискусии за законодавно решение коешто соодветно ќе ја регулира оваа пракса, како во делот на условите под коишто граѓански организации можат да даваат одредени услуги од здравствената заштита, така и во делот на начинот на финансирање на овие активности преку владините здравствени програми. Регулирањето би резултирало и со проширување на можностите за идно искористување на капацитетите на граѓанскиот сектор за спроведување мерки за заштита на здравјето на населението и во други области, освен во превенцијата на ХИВ и на други крвно и сексуално преносливи инфекции. Од друга страна, непостоењето на соодветна правна рамка претставува закана за одржливоста и ефективноста на постојните мерки.  

Во насока на претходното, во периодот од 2018 до 2021 година Министерството за здравство спроведе повеќе консултации со експерти и со граѓанскиот сектор, како резултат на што изготви предлог-текст за измени и дополнување на Законот за здравствена заштита. Овој предлог беше усвоен од Владата кон крајот на 2021 година и влезе во собраниска процедура заедно со други предлог-измени во други делови. За жал, поширокиот пакет измени од тој период беше повлечен, па оттаму и делот што се однесуваше на улогата на граѓанските организации не беше разгледан од Собранието. 

Изготвувањето анализа на можностите и на постојниот предлог за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита со цел да се регулира улогата на граѓанските организации во нудењето одредени услуги од здравствената заштита се очекува да придонесе за подобрување на постојниот предлог или изготвување на нов предлог за измени и дополнувања. Дополнително, во соработка со стручна работна група, формирана во координација со Министерството за здравство, се очекува да бидат развиени соодветни нацрт-подзаконски акти со кои ќе се институционализира давањето одредени здравствени услуги од страна на граѓански организации и ќе се предвидат критериуми и стандарди за давање на определените здравствени услуги.

Праксата на социјални договори меѓу Министерството за здравство и граѓанските организации во рамките на Програмата за ХИВ има потреба од унапредување и од аспект на соодветно финансирање врз основа на проценка на трошоците за споменатите услуги, како и дефинирање на пакети на услуги за различните целни групи што се финансираат во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција. 

2. Опис на работните задачи и рокови за спроведување

2.1. Позиција 1: Анализа на можностите и на постоен предлог за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита со цел да се регулира улогата на граѓанските организации во нудењето одредени услуги од здравствената заштита

(Проект: „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, Цивика Мобилитас)

Проценет обем на ангажманот: 8 консултантски денови

Опис на задачите:

  • Да направи анализа на претходно подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита што ја регулираат улогата на граѓанските организации како даватели на одредени услуги од здравствената заштита;
  • Да ги анализира важечките законски прописи на Република Северна Македонија, особено од Законот за здравствената заштита, како и други релевантните законски прописи коишто ја регулираат материјата околу давањето здравствени услуги во контекст на улогата на граѓанските организации како даватели на одредени услуги од здравствената заштита;
  • Да спроведе консултации со граѓански организации што имаат искуство во нудење одредени услуги од здравствената заштита, со релевантни експерти од Министерството за здравство, како и со работна група за консултација во Министерството за здравство, доколку таква биде формирана;
  • Да разработи предлог решение за законско регулирање на улогата на граѓанските организации како даватели на одредени здравствени услуги, земајќи ги предвид согледувањата од анализата, спроведените консултации и заклучоците од работната група.

Очекувани продукти:

  • Разработено предлог-решение за законско регулирање на улогата на граѓанските организации како даватели на одредени здравствени услуги и извештај од анализите со образложување и аргументирање на предложеното решение;

Рок за испорака: 31 јули 2024 г.

2.2. Позиција 2: Развивање предлог-текст за подзаконски акти што ќе го дорегулира начинот и условите под коишто граѓански организации може да нудат одредени услуги од здравствената заштита

(Проект: „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project 2.0), финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА)

Проценет обем на ангажманот: 10 консултантски денови

Опис на задачите:

  • Да спроведе консултации со граѓански организации што имаат искуство во нудење одредени услуги од здравствената заштита, со релевантни експерти од Министерството за здравство, како и со работна група за консултација во Министерството за здравство, доколку таква биде формирана;
  • Врз  основа на предлог-решението и анализата од Позицијата 1. од овој повик, како и врз основа на спроведените консултации да изготви предлог-текст за подзаконски акт или акти што ќе го дорегулираат начинот и условите под коишто граѓански организации може да нудат одредени услуги од здравствената заштита;
  • Да учествува на средбите на работна група за консултација во Министерството за здравство, доколку таква биде формирана.

Очекувани продукти:

  • предлог-текст за подзаконски акт или акти што ќе го дорегулираат начинот и условите под коишто граѓански организации може да нудат одредени услуги од здравствената заштита

Рок за испорака: 15 септември 2024 г.

2.3. Позиција 3: Економска анализа на 4 здравствени програми врз основа на претходно изработена детална програмска и финансиска анализа

(Проект: „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, Цивика Мобилитас)

Проценет обем на ангажманот: 14 консултантски денови

Опис на задачите:

  • Да обезбеди техничка поддршка за анализирање и артикулирање на главните економски аргументи за инвестирање во избрани интервенции во четири здравствени програми врз основа на претходно изготвени детални програмски и финансиски анализи;
  • Да понуди техничка поддршка за презентирање на главните економски аргументи за инвестирање во избрани интервенции во четири здравствени програми на начин соодветен за релевантните донесувачи на одлуки; 
  • Да учествува во консултативни средби на работна група во Министерството за здравство поврзани со овој ангажман

Очекувани продукти:

  • Извештај од економската анализа на 4 здравствени програми; 
  • Нацрт за 4 кратки документ за јавни политики наменети за донесувачи на одлуки со изложување на главните економски аргументи за инвестирање во избрани интервенции во четири здравствени програми; обем: за секоја програма посебно – максимум до 2 страни текст и 1 до 3 графика. 

Рок за испорака: 31 август 2024 г.

2.4. Позиција 4: Ревидирање на трошоците за услугите за превенција на ХИВ наменети за клучни засегнати популации со определување на трошок по клиент и утврдување на пакети на услуги финансирани во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција 

(Проект: „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project 2.0), финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА)

Проценет обем на ангажманот: 12 консултантски денови

Опис на задачите:

  • Да прибере податоци за трошоците за услугите за превенција на ХИВ и за сексуално и репродуктивно здравје што се нудат за припадници на клучни засегнати популации од страна на граѓански организации во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција;
  • Да утврди ревидиран трошок за услуги по клиент користејќи зададена алатка за пресметка;
  • Да развие предлог за дефинирани пакети на услуги што се финансираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во сооднос со обемот на опфатени лица од целните популации. 

Очекувани продукти:

  • Пополнети обрасци во Excel со ревидиран трошок за услуги за превенција на ХИВ по клиент соодветно на целната група;
  • Разработен предлог за дефинирани пакети на услуги што се финансираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во сооднос со обемот на опфатени лица од целните популации. 

Рок за испорака: 30 септември 2024 г.

Одговoрно лице за спроведување на ангажманот на консултантите од позициите 1 и 2 од овој повик ќе биде координаторот за застапување и политики во Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, додека за позициите 3 и 4  извршниот директор на Здружението.

3. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

За позициите 1 и 2:

  • Одлично познавање на проблематиката на законските прописи во областа на здравствената заштита;
  • Одлично познавање на здравствениот систем во Република Северна Македонија;
  • Искуство во креирање политики во областа на здравствената заштита;
  • Завршено високо образование во областа на правото.

За позициите 3 и 4:

  • Експертиза и искуство во областа на здравствената економика;
  • Одлично познавање на здравствениот систем во Република Северна Македонија;
  • Искуство во изработка на финансиски или економски анализи во областа на здравствената заштита;
  • Искуство во креирање политики во областа на здравствената заштита;

4. Критериуми за избор 

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

За позициите 1 и 2:

  • Искуство во изготвување на конкретни законски решенија или подзаконски акти во областа на здравствената заштита;
  • Искуство во раководење на проекти или иницијативи што вклучувале тимска работа;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

За позициите 3 и 4:

  • Претходни анализи релевантни за потребите на ангажманите од овој повик;
  • Искуство во раководење на проекти или иницијативи што вклучувале тимска работа;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

5. Надомест и други услови

Ангажманите предвидуваат потпишување договор за консултантски услуги, а ќе бидат надоместени според следнава шема:

Позиција 1, со обем 8 консултантски денови: бруто износ од 9.225,оо денари за еден консултантски ден

Позиција 2, со обем 10 консултантски денови: бруто износ од 9.090,oo денари за еден консултантски ден

Позиција 3, со обем 14 консултантски денови: бруто износ од 9.225,оо денари за еден консултантски ден

Позиција 4, со 12 консултантски денови: бруто износ од 9.090,oo денари за еден консултантски ден

На овој повик ќе се прифатат за разгледување пријави што се однесуваат на секоја од четирите позиции посебно, како и пријави што се однесуваат на 2, 3 или на сите позиции истовремено. Пријавите може да бидат од физички и од правни лица. Физички лица може да настапат како тим со заедничка пријава.

6. Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 7.6.2024 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за интерес (до 1 страна) во кое ќе ги прецизираат позициите од овој повик за коишто се пријавуваат, ќе ги резимираат своите клучни квалификации во однос на соодветната позиција/позиции и накратко ќе се осврнат на пристапот што би го презеле во спроведувањето на ангажманот
  • Професионална биографија, со листа на досегашни публикации и/или релевантни претходни ангажмани.

Доколку кандидати настапуваат како тим, потребно е да поднесат само едно писмо за интерес и индивидуални професионални биографии за секој член на тимот.

Документите за пријавување на повикот со назнака „Пријава за консултантски ангажман“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултантКомисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран кандидатот кому ќе му биде доделен ангажманот. 

Реакција: „Може ли инфицираните да живеат нормално без да бидат обележани?“

Здружението Заедно посилни остро реагира на веста на zenit.mk со наслов „X 30 години живее со СИДА вирусот“. Објавата е школски пример за тоа како вест може да биде полна со лаги, спротивна на стандардите на новинарството, сензационалистичка, без трошка на истражувачко новинарство, неетичка, целосно бесчувствителна и понижувачка за новинарската професија. Напомена: Сите информации коишто може да доведат до идентификација на лицето, како и фотографиите, се редактирани од страна на Здружението поради заштита на приватноста, која е флагрантно прекршена од страна на медиумот.

Имено, на 3-ти февруари 2024 година, порталот zenit.mk објавил вест со наслов „X 30 години живее со СИДА вирусот“ која содржи фотографии од лице што живее со ХИВ, направени на гробот на сопругата и децата, и негови лични податоци и покрај експлицитната забрана да го снимаат и да пишуваат за него.  

Лажни вести

Медиумот, во својата објава, наведува дека лицето е првото лице заразено со ХИВ вирусот во Македонија. Таквата информација е неточна. Доколку медиумот сакал да напише вест за првиот дијагностициран случај на ХИВ-инфекција, што содржи точни информации, можел да ги консултира извештаите на Институтот за јавно здравје, каде што е наведено дека првиот случај на ХИВ-инфекција е регистриран во 1987 година. До 1994 година, веќе имало потврдено 12 случаи на ХИВ-инфекција во Македонија. Од друга страна, медиумот изјавува лицето „ги заразил двете деца и сопругата“. Таквата информација е класична дезинформација, бидејќи не се знае со сигурност кој кому му пренел вирус во односот меѓу сопружниците. Освен тоа, речиси е невозможно тој да им го пренел вирусот ХИВ директно на своите деца; по секоја веројатност тие биле инфицирани при самото раѓање од својата мајка.

Флагрантно кршење на стандардите на новинарството

Еден од основните принципи на новинарството е почитување на приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес, и почит кон личната болка и жалост. Во својата вест, медиумот го наведува името на лицето и неговото семејство, нивните години на раѓање, годините на смрт на неговото најблиско семејство поради ХИВ, местото на живеење, локацијата на неговото живеалиште и (претпоставениот) начин на пренос на ХИВ. Дополнително, медиумот продолжува со информации за тоа што лицето морало да прави во минатото за да се прехрани и да се стопли. Сите овие информации се флагрантно, сериозно и противзаконско задирање во правото на приватен и семеен живот. Сите детали, вклучувајќи ги имињата на лицето и неговото најблиско семејство, нивните години на раѓање и смрт, местото на живеење и локацијата на нивното претходно живеалиште, не служат на јавниот интерес и претставуваат повреда на човековото право на приватност. Дополнително, известувањето за начинот на преживување на лицето во минатото е невкусно, деградирачко и одраз на тоа како медиуми може да наштетат во напорите на системот и граѓанскиот сектор за обезбедување на достоинствен живот на луѓето што живеат со ХИВ. Уште повеќе, во самата вест, медиумот наведува дека лицето изрично побарало да не го снимаат и да не пишуваат за него. Самото продолжување со известување, и покрај тоа што новинарите забележале дека снимањето и темата претставува извор на вознемиреност и болка на лицето, е одвратно и понижувачко. Од друга страна, фактот што лицето е фотографирано додека го посетува гробот на својата сопруга и децата е пример за малограѓаштина, медиумско лешинарство и знак на немање новинарски интегритет. 

Би сакале да потенцираме дека неовластено снимање и фотографирање  е основа за кривична одговорност според Кривичниот законик, а споделување на лични податоци без основ е прекршување на Законот за заштита на лични податоци и основа за постапка пред Агенцијата за заштита на лични податоци.

Сензационализам пополнет со дезинформации и незнаење

Медиумот нотира дека лицето уште е живо и во општа добра здравствена состојба, иако било дијагностицирано со ХИВ пред триесетина години. Во таа насока, медиумот констатира дека тој со децении живее без да покажува знаци на болест, запрашувајќи дали лицето „пркоси на медицината“, „ја демантира науката“ или има „ген за долг живот“. Дополнително, медиумот поставува прашања за тоа дали лицето прима антиретровирусна терапија и дали на лицето му се нарушени човековите права. Доколку медиумот направил истражување за темата, не би имало потреба за поставување на прашања и сензационалистичко известување. Современата терапија за ХИВ, која е достапна во Северна Македонија, обезбедува: луѓето што живеат со ХИВ да имаат одличен квалитет на живот, да бидат во добра општа здравствена состојба, да бидат работоспособни, да живеат онолку долго колку и луѓето со негативен ХИВ-статус и да не можат да го пренесат вирусот на друго лице. Таквите важни информации кои придонесуваат за сузбивање на митовите и предрасудите за ХИВ не нашле свој простор во веста, иако основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, етичките вредности и професионалните стандарди при пренесувањето на информациите. Луѓето што живеат со ХИВ вообичаено немаат некакви специфични знаци на болест, а самата дискусија за видливи знаци на ХИВ покажува дека медиумот сѐ уште функционира со информации од 80-тите години на минатиот век. Додека порталот Зенит прашува „Може ли инфицираните да живеат нормално без да бидат обележани?“, самиот го дава и одговорот: тоа не е можно, бидејќи има луѓе и медиуми како порталот Зенит коишто ќе ве обележат, дури и ако експлицитно им кажете дека не сакате да бидете снимани и да пишуваат за вас. Самиот медиум грубо му го крши правото на приватност преку јавно објавување на медицински податоци и известување кое го понижува човековото достоинство и личноста.

Несоодветна терминологија

Терминологија што ја користи порталот, како „СИДА вирусот“, „заразен од СИДА“ и „носител на ХИВ-вирусот“ се термини одамно напуштени поради тоа што се стигматизирачки, а некои од нив и сосема неточни. Согласно насоките за терминологија на UNAIDS од 2015 година, соодветните термини се „ХИВ-вирусот“ и „лице што живее со ХИВ“. Јазикот користен во самата вест дополнително докажува за тоа колку време е посветено на пишување на веста и истражувањето позади неа. 

Здружението Заедно посилни бара повлекување на веста и јавно извинување за начинот на известување за ХИВ од zenit.mk. Воедно, Здружението бара медиумското известување за темата да биде согласно стандардите на новинарството, со почитување на човековите права и слободи, вклучувајќи го и правото на приватен и семеен живот, и известувањето да биде базирано на научни докази и во насока на едукација и на општото добро. 

Повик за ангажирање консултант: консултант за изработка на анализа за законската рамка на Република Северна Македонија за медицинските податоци

Краен рок за пријавување: 28.3.2024 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за изработка на анализа за законската рамка на Република Северна Македонија за медицинските податоци и можни законски и подзаконски измени и дополнувања во однос на пристапот до и заштитата на медицинските податоци. Оваа консултантска позиција е овозможена во рамките на националниот проект „Безбедноста на медицинските податоци на пациентите во Северна Македонија и нејзината поврзаност со дискриминацијата“, кој е финансиски поддржан од Stichting Digital Freedom Fund од Амстердам, Холандија. 

1. Контекст

Република Северна Македонија има воспоставено интегриран здравствен информатички систем (во понатамошниот текст: МојТермин), за чија надградба, оптимизација, извршување, регулирање, одржување и контрола е надлежна Управата за електронско здравство. Помеѓу другото, МојТермин ги содржи медицинските податоци на пациентите во државата. Северна Македонија има донесено низа законски и подзаконски акти, кои го регулираат системот и евиденциите од областа на здравствтото кои ги содржи. Во таа насока, Министерството за здравство има донесено посебен подзаконски акт, кој го регулира начинот на пристап, дистрибуција, издавање, користење, чување и заштита на податоците од МојТермин. Овој акт предвидува дека секој лекар има пристап до МојТермин и може да внесува медицински податоци за пациентите, да креира упат и други документи, да ги следи листите на чекање и да ги испечати извештаите, упатите и другите документи од системот. Таквата рамка дозволува широк пристап на здравствените работници од сите профили до медицински податоци, вклучувајќи и податоци кои не се неопходни за одредено медицинско згрижување, што не е во согласност со законската рамка за заштита на лични податоци и може да доведе до дискриминација во случаи на дијагнози кои се високо стигматизирани во општеството, како што е ХИВ-инфекцијата.

Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ досега има регистрирано значителен број случаи на дискриминација на пациенти со ХИВ во рамките на здравствениот систем (како во јавни, така и во приватни здравствени установи) како резултат на откривањето на информацијата за нивниот ХИВ-статус, вклучително и во ситуации кога таа не е релевантна за конкретниот здравствен третман што треба да го добијат. Оттука, како и од консултацијата со надлежни институции како што се Управата за електронско здравство и Агенцијата за заштита на лични податоци, Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ иницира подготовка на анализа на постојната законска рамка за евиденциите во областа на здравството, компаративна анализа на регулативата што ја регулира истата материја во 3 држави од Европската Унија и/или регионот, и предлог-измени и дополнувања на постоечките закони и подзаконски акти за евиденциите од областа на здравството. Изготвувањето на ваква анализа се очекува да придонесе кон отвoрање дијалог за тоа како медицинските податоци се собираат, се обработуваат и користат, како нелегитимниот и непропорционалниот пристап до медицинските податоци може да доведе до дискриминација, потребата од подетална регулација на пристапот до медицинските податоци и можни постоечки законски решенија од други држави за да се намали непропорционалниот пристап до медицинските податоци. 

2. Опис на работните задачи

Од ангажираниот консултант се очекува да ги исполни следниве задачи:

  • Да развие методологија за анализа на важечките законски прописи на Република Северна Македонија, особено од Законот за здравствената заштита, Законот за евиденциите од областа на здравството, Законот за заштита на личните податоци, како и други релевантни подзаконски акти, коишто ја регулираат материјата околу обработката и пристапот до медицинските податоци (2 дена);
  • Да направи анализа на важечките законски одредби во Република Северна Македонија, особено од Законот за здравствената заштита, Законот за евиденциите од областа на здравството, Законот за заштита на личните податоци, како и други релевантни подзаконски акти, коишто ја регулираат материјата околу пристапот до и заштитата на медицинските податоци (5 дена);
  • Да направи споредбена анализа на важечки законски прописи на 3 држави од Европската Унија и/или регионот коишто ја регулираат материјата околу пристапот до и заштитата на медицинските податоци и релевантната пракса од Европскиот суд за човекови права (20 дена);
  • Да изготви предлог-измени и дополнувања на Законот за евиденции од областа на здравството и подзаконските акти за подобро регулирање на пристапот до и заштитата на медицинските податоци, со цел усогласување со меѓународните стандарди и минимизирање на случаи на дискриминација поради непропорционален пристап до медицински податоци (3 дена). 
  • Да ги презентира резултатите од анализите на консултативен состанок со засегнати страни, кој ќе се одржи во октомври 2024 г.

Проценет обем на консултантскиот ангажман: 30 консултантски денови

На повикот може да се јават и повеќе од едно лице, во својство на тим, или правно лице.

Одговoрно лице за спроведување на ангажманот на консултантот ќе биде правниот советник во Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

3. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

  • Одлично познавање на проблематиката на законските прописи за заштита на лични податоци од областа на здравството;
  • Искуство во научно-истражувачка работа во областа на личните податоци, и 
  • Изградени способности за самостојна и тимска стручна работа.

4. Критериуми за избор 

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во проекти или иницијативи во областа на заштитата на личните податоци и/или здравствениот информатички систем во Република Северна Македонија;
  • Искуство во научно-истражувачка работа, проекти или иницијативи за заштита на лични податоци во други земји;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

5. Временска рамка, надомест и други услови

Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 30 (триесет) консултантски дена. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 30 ноември 2024 г. 

Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 9.219,00 денари за еден консултантски ден.

Во однос на динамиката на испорака, консултантот треба да достави: 

  1. методологија за анализата, во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорот (конечната методологија е предмет на договор со и одобрување од страна на нарачателот);
  2. нацрт-анализа на важечките законски одредби во Република Северна Македонија, во рок од 45 дена од денот на потпишување на договорот, односно до крај на месец мај 2024 година;
  3. нацрт-споредбена анализа на важечки законски прописи на 3 држави од Европската Унија и/или регионот за медицинските податоци, во рок од 120 дена од денот на потпишување на договорот, односно до крај на месец јули 2024 година;
  4. предлог-измени  и дополнувања на Законот за евиденции од областа на здравството и подзаконските акти за подобро регулирање на пристапот до и заштитата на медицинските податоци, во рок од 30 дена по доставувањето на нацрт-споредбената анализа, односно до крај на месец август 2024 година.
  5. Конечни верзии на документите од точките 2, 3 и 4 – најдоцна до 30 ноември 2024 г.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 28.3.2024 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Изјава за интерес
  • Професионална биографија;
  • Предлог-методологија за анализата, не повеќе од 2 страници.

Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – анализа за законската рамка на Република Северна Македонија за медицинските податоци“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. 

Едукативна програма за млади: ХИВ и сексуалното здравје

Дали сакаш да се информираш повеќе во врска со твоето сексуално здравје и да стекнеш вештини што ќе ти помогнат да се заштитиш и подобро да се грижиш за себе? 

Едукативната програма на „Заедно посилни“ е наменета за геј и би мажи помеѓу 18 и 29 години и ќе се одвива во два дела во април (види подолу). Таа покрива повеќе теми и нуди теоретски и практични информации поврзани со разбирањето, превенцијата и менаџирањето на ХИВ-инфекцијата, другите сексуално преносливи инфекции, како и пошироките аспекти на сексуалното здравје. 

Оваа едукативна програма има цел да ги поткова младите геј и би мажи со ресурсите што им се потребни за да можат да носат информирани одлуки поврзани со своето сексуално здравје и да придонесат за добросостојбата во своите заедници преку споделување точни и релевантни информации за важни, но занемарени прашања. 

Преглед на програмата

1. Контекст на ХИВ-инфекцијата во Северна Македонија: Добиј значајни увиди поврзани со трендовите на ХИВ кај геј и би мажите во Македонија, со цел подобро да разбереш во која мера си засегнат од ова здравствено прашање. 

2.  Основи на ХИВ: Добиј или утврди ги знаењата за начините на пренос на ХИВ, сите современи алатки за превенција, тестирањето и дијагностиката.

3. ПреП и ПЕП: Запознај се подлабоко со пред- и постекспозициската профилакса како ефективни и современи алатки за превенција на ХИВ-инфекцијата. Дознај како функционираат, како можат да те заштитат и како да добиеш пристап до нив во Македонија.

4. Што треба да знам за ХИВ денес?: Биди во тек со современите начини за лекување и менаџирање на ХИВ-инфекцијата во светот и кај нас, ефикасноста на терапијата, терапијата како превенција и достапноста на современи лекови за ХИВ во Македонија.

4. Живеење со ХИВ: Дознај што значи да се живее со ХИВ денес и со какви реални предизвици се соочуваат луѓето што живеат вирусот – бидејќи од овој проблем може да бидат засегнати и твои пријатели или партнери. .

5. Сексуално преносливи инфекции: Снабди се со најважните знаења за најчестите сексуално преносливи инфекции, како да се заштитиш од нив, како да ги препознаеш и каде можеш да се обратиш за тестирање, совет или лекување – без чувство на срам или страв од осуда.

7. Психолошки аспекти на сексуалното здравје: Истражи ја поврзаноста на сексуалното и менталното здравје и дознај повеќе за начините за грижа на сексуалното здравје преку грижата за менталното и емоционалното здравје.

8. Chemsex: Дознај повеќе за користењето на дроги пред или за време на сексуалните односи. Добиј современи и точни информации за ризиците поврзани со оваа пракса. 

9. Дискриминација – како да се препознае и каде да се побара помош?: Добиј увиди за дискриминацијата поврзана со ХИВ и сексуалната ориентација, како да ја препознаеш и каде да се обратиш за помош.

10. Достапноста на услугите за ХИВ и сексуално преносливите инфекции: Дознај повеќе за достапноста на бесплатните и доверливи услуги за ХИВ-тестирање и тестирање за други сексуално преносливи инфекции во Македонија.

Кога ќе се одвива програмата?

Двете едукативни сесии ќе се случат за време на два викенда: на 13-ти и 14-ти април (прв дел) и на 27-ми и 28-ми април (втор дел) и вклучуваат по едно ноќевање во хотел надвор од Скопје.

– Прв дел: 13-ти и 14-ти април
– Втор дел: 27-ми и 28-ми април

Каде ќе се одвива програмата?

Двата дела од програмата ќе се одвиваат во два различни градови во Македонија. Информациите поврзани со точните локации ќе бидат објавени дополнително.

Колку чини учеството?

Учеството во оваа програма е целосно бесплатно.

Сакаш да учествуваш?

Не ја испуштај можноста и пријави се за учество до 25-ти март на линкот.

Од избраните учесници се очекува да учествуваат и во двата дела од едукативната програма, односно на 13-14 април и на 27-28 април. 

За повеќе информации и прашања, обратете се на [email protected]

Биди дел од нашата едукативна програма и пријави се уште денес. 

Повик за прибирање понуди: консултант за развивање предлог за ревидирани алгоритми за поставување дијагноза на ХИВ во Северна МакедонијаПовик за прибирање понуди:

Краен рок за пријавување: 14.12.2023 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултанти за развивање предлог за ревидирани алгоритми за поставување дијагноза на ХИВ во Северна Македонија.

Овој консултантски ангажман е овозможен во рамките на регионалниот проект „Одржливост на услугите за клучните засегнати популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (СоС 2.0), а е дел од работната програма на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ за 2023 година, која е поддржана од Европската Унија. 

1. Контекст

Северна Македонија е земја со релативно ниско ниво на епидемија на ХИВ која е сконцентрирана во клучните засегнати популации, а првенствено во популацијата на мажи што имаат секс со мажи. Во последните 5 години во просек се дијагностицираат 45 случаи годишно. Критериумите за дефинирање на случаи на ХИВ, односно поставување конечна дијагноза, последен пат биле ревидирани во 2011 година. Во 2019 година Светската здравствена организација издаде препораки за напуштање на употребата на технологиите Western blot и линиски имунотестови во алгоритмите за поставување дијагноза и нивна замена со поедноставни типови на тестови, употребени во соодветни комбинации, со цел да обезбедат точна дијагностика за помал трошок, пократко време и заштеда на човечки ресурси. Врз основа на мисијата на Светската здравствена организација посветена на системите и стратегиите за превенција на ХИВ, вклучувајќи и подобрени теренски интервенции за мажите што имаат секс со мажи во Република Северна Македонија од 2018 г. Националната комисија за ХИВ, исто така, препорача поедноставување на алгоритмите за потврдување на случаи на ХИВ-инфекција. Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, како организација на пациентите со ХИВ-инфекција во Северна Македонија дејствува за ставање крај на ХИВ преку обезбедување услуги во заедницата и насочување на јавните политики. Во тие рамки ЗАЕДНО ПОСИЛНИ има намера да обезбеди техничка поддршка за изготвување нови предлог-критериуми за поставување дијагноза на ХИВ, врз основа на консултација со релевантни чинители на национално ниво, на препораките на Светската здравствена организација и на други релевантни меѓународни извори. Оваа техничката поддршка е овозможена во рамките на регионалниот проект „Одржливост на услугите за клучните засегнати популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“, раководен од Алијансата за јавно здравје од Киев, Украина и Регионалната мрежа на заедниците за борба против ХИВ и туберкулоза во Југоисточна Европа, финансиски поддржана од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

2. Опис на работните задачи

Од ангажираните консултанти се очекува да ги исполни следниве задачи:

  1. Да подготват краток извештај (4-6 страници) што ќе вклучи: 
  • осврт на актуелните официјални национални документи во кои се регулираат процедурите за дијагностицирање на ХИВ-инфекција, 
  • осврт на досегашната пракса во примената на лабораториски тестови за поставување дијагноза на ХИВ во референтните институции во Република Северна Македонија (т.е. Институтот за јавно здравје и Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби), 
  • преглед на најновите препораки на Светската здравствена организација во однос на алгоритмите за поставување дијагноза на ХИВ, во споредба со препораките од барем уште еден меѓународно релевантен извор (на пример CDC, ECDC или национални упатства од Велика Британија, Франција, Германија или Швајцарија);
  1. Да подготват и образложат предлог за ревидиран алгоритам/постапка за дијагностика на ХИВ, кој ќе ги земе предвид препораките на Светската здравствена организација, особено во насока на зголемување на исплатливоста и поедноставување на процедурите од аспект на време и човечки ресурси, а кој би можел да биде применлив во Северна Македонија;
  2. Да подготват предлог текст на правилник (или друг релевантен документ), кој ќе ја пропишува постапката за поставување дијагноза на ХИВ-инфекција (според примерот на постојната официјална процедура/правилник/уредба).

Во рамките на својот ангажман консултантите имаат обврска по потреба да остварат консултација и со други релевантни стручни лица на национално ниво од клиничката и/или лабораториската пракса, а предлогот да го изложат пред Националната комисија за ХИВ и да ги земат предвид нејзините насоки при формулирањето на конечниот предлог од точка 2.

Проценетиот обем на консултантскиот ангажман изнесува 10 консултантски денови.

За својата работа консултантот одговара пред извршниот директор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

3. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации:

  • Релевантна универзитетска диплома на најмалку магистерско ниво или специјализација во некоја од областите: медицина, клиничка биохемија, лабораториска дијагностика или сродно;
  • Работно искуство во областа на лабораториската дијагностика;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
  • Изградена способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

4. Критериуми за избор 

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

  • Повисок степен на релевантно искуство;
  • Претходно искуство во слични процеси.

5. Временска рамка, надомест и други услови

Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 10 (десет) консултантски денови. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 29 декември, 2023 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 150 долари во денарска противвредност за еден консултантски ден.

6. Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 14.12.2023 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Професионална биографија 

Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – дијагностика на ХИВ“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

7. Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. 

Call for a consultant for evaluation of the continuum of HIV care in North Macedonia for 2022

Skopje, 18 September, 2023
Deadline for submission: end of day on 25 September, 2023

Background

Stronger Together, Association for Support of People Living with HIV from Skopje, North Macedonia, is a community-based organization that supports people living with HIV in executing their rights and strives to shape public policy towards ending the HIV epidemic. Stronger Together supports the building of capacities and expertise in the country in regards to the national response to HIV, including in the field of surveillance and data analysis. Moreover, it is part of the organization’s mission to contribute to the effectiveness of the national response to HIV and to support the country’s progress towards achieving the 2025 targets with regards to HIV (i.e. by 2025, 95% of all people living with HIV to be aware of their HIV status; 95% of those aware to be on HIV treatment; and 95% of those taking treatment to have completely suppressed the virus). 

As the evaluation of the continuum of HIV care is not performed on regular basis by relevant institutions in North Macedonia (i.e. Institute of Public Health), the conducting of this exercise is included in the organization’s annual work program, which is supported by the European Union. In order to respond to the lack of technical expertise in the country, an external expert will be engaged to support the process. The evaluation of the continuum of HIV care in North Macedonia for 2022 will be conducted by a team of national experts with backgrounds in epidemiology, infectious diseases, as well as community-based research and advocacy, who will be supported by the external expert with specific expertise for this particular task. The activity will include a capacity building element in the sense of transferring know-how to national experts, so that the Institute of Public Health could take on performing the analysis on a regular annual basis in future.

North Macedonia has a low-level HIV epidemic concentrated within the population of men who have sex with men, where HIV prevalence was estimated at 5.4% in 2018.

Purpose

The purpose of this technical assistance is to provide support to a national team of experts for proper methodological evaluation of the stages of the continuum of HIV care at the end of 2022, including an estimation of the total number of people living with HIV at the end of that year using the ECDC tool, based on the available clinical and epidemiological data. A special focus in the analysis will be given to the subset of data related to men who have sex with men, considering the nature of the epidemic in North Macedonia. This Call for consultants is being announced for the purpose of identifying and engaging the external expert to provide technical assistance to the national team for evaluating the HIV continuum in North Macedonia.

Tasks of the consultant

The consultant will be expected to perform the following tasks within the framework of the technical support:

  1. Provide instruction on using the ECDC tool to a national expert with the objective of enabling independent use of the tool in future (2 days) 
  2. Provide technical support to the local team and a national expert on the methodology for evaluating the three basic stages of the continuum of HIV care, including guidance and advice on dealing with missing data (0.5 days)
  3. Review of draft and final reports (0.5 days)

Total number of days for the consultancy: 3 days. 

Timeframe of the consultancy

The services under this consultancy should be accomplished till 31 October, 2023. 

Remuneration

A contract for provision of services will be signed between the consultant and Stronger Together. The time needed for completing the tasks is estimated at, and should not exceed, 3 working days (1 working day = 8 hours). The consultant will be remunerated at the rate of 300 USD per 1 day. The consultant will have the responsibility to take care of all social security or income tax payments required by the law in the country of their residence. 

Requirements for the consultant

The consultant is expected to have:

  • Expertise in HIV epidemiology and/or public health (to be confirmed by education and relevant working experience)
  • Experience in performing analyses related to continuum of HIV care in other countries
  • Experience in conducting trainings on methodology related to the evaluation of the HIV continuum of care
  • Good English oral and writing communication capacities

Selection criteria

Only applications fulfilling the requirements will be considered. The selection will be based on the level to which the applicant fulfills the basic requirements of this call. In addition, advantage will be given to applicants with experience of performing the same or similar task in other countries and/or in comparable epidemiological contexts. Background in community-based research will also be considered an advantage.

How to apply

Interested candidates are invited to send their CV with relevant experience to [email protected] with subject ‘HIV continuum’. 

The application should preferably include (as links or attachments) any published materials and/or other previous work of the applicant relevant for this particular call.

Any potential questions should be addressed to [email protected] 

The deadline for submitting an application is the end of day on 25 September, 2023.

Повик за ангажирање консултант: консултант за развивање на упатство за следење на процесите поврзани со јавна набавка на антиретровирусни лекови за лекување на ХИВ

Краен рок за пријавување: 22.9.2023 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за развивање предлог-текст за упатство и методологија за следење на процесите поврзани со јавната набавка на антиретровирусни лекови за лекување на ХИВ.

Оваа консултантска позиција е овозможена во рамките на регионалниот проект „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project 2.0), кој е финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, а чии активности на ниво на Р. С. Македонија се раководени од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и се насочени на поддршка на националниот одговор кон ХИВ, во консултација со Националната комисија за ХИВ. Активноста е дел од годишната работна програма на Здружението, која е поддржана од Европската Унија.

1. Контекст

Република Северна Македонија е земја со ниско ниво на епидемија на ХИВ, при што епидемијата е концентрирана во рамките на клучни засегнати популации. Се проценува дека заклучно со крајот на 2021 година околу 500 лица живееле со ХИВ во Северна Македонија, од коишто 70 % биле свесни за својата инфекција, што е значително пониско од глобалниот просек за истата година, кој изнесува 85 %. Од друга страна, согласно со проценките на национално ниво, 94,5 % од дијагностицираните лица на крајот на 2021 година примале антиретровирусна терапија, а дури 96,2 % од нив имале супримиран вирус во крвта (глобален просек за 2021 г. – 88% и 92% соодветно). 

Лекувањето на ХИВ-инфекцијата го спроведува исклучиво Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, следејќи ги релевантните меѓународни препораки на Европското клиничко здружение за СИДА и на Светската здравствена организација. Средствата за лекување на ХИВ-инфекцијата се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, а се распределуваат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција. Програмата се усвојува секоја година од страна на Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Министерството за здравство.  Повикот за јавна набавка на антиретровирусната терапија е меѓународен, се објавува во странско гласило и е од отворен тип. Поради комплексноста на сите процеси кои се поврзани со набавката на антиретровирусни лекови и важноста на навремена набавка на терапија за лекување на ХИВ, Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје повеќе години наназад ги следи сите фази од постапката за набавка и презема активности со цел да влијае за ефикасно и навремено обезбедување на лековите за пациентите со ХИВ. Во таа насока, Здружението има потреба од изготвување на упатство за потребите за следењето и застапувањето во процесите коишто влијаат врз обезбедувањето на антиретровирусните лекови. Изготвувањето на вакво внатрешно упатство се очекува да придонесе за подобро разбирање за сите процеси кои влијаат врз набавката на антиретровирусните лекови и сите чинители кои се вклучени во спроведување на таквите процеси, сконцентирано застапување за алоцирање на средства коишто одговараат на реалните потреби на Програмата за ХИВ, поуспешно следење на процесите кои влијаат врз набавката на антиретровирусните лекови и подобрување на механизмите на застапување за пристапот до лекови на лицата што живеат со ХИВ. Изготвениот предлог-текст на упатството ќе биде развиен врз основа на анализа на важечките законски прописи во Република Северна Македонија и релевантните внатрешни процедури на Клиниката за инфективни болести и Министерството за здравство, кои ја регулираат материјата околу процесите кои влијаат врз набавката на антиретровирусни лекови. 

2. Опис на работните задачи

Од ангажираниот консултант се очекува да ги исполни следниве задачи:

  • Да направи анализа на важечките законски прописи на Република Северна Македонија, особено оние од областа на националниот буџет, јавните набавки и здравствените програми на Владата на Република Северна Македонија (2 дена);
  • Да предложи структура за упатство за следење на и застапување во процесите кои влијаат врз набавката на антиретровирусните лекови за лекување на ХИВ;
  • Да спроведе консултации со заинтересирани страни кои може да имаат придонес кон структурата и содржината на упатството;
  • Да изготви предлог-текст на упатството за следење на и застапување во процесите кои влијаат врз набавката на антиретровирусни лекови за лекување на ХИВ. 

Проценет обем на консултантскиот ангажман: 4 консултантски денови

Одговoрно лице за спроведување на ангажманот на консултантот ќе биде асистентот за застапување на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

3. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

  • Одлично познавање на проблематиката на јавните набавки, здравствените програми, особено Програмата за ХИВ, и легислативниот процес на донесување на националниот буџет на Република Северна Македонија;
  • Искуство во научно-истражувачка работа во областа на јавните набавки, лекови и медицински помагала, финансии на национални институции или буџетски политики;
  • Изградени способности за индивидуална стручна работа.

4. Критериуми за избор 

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во подготовка на внатрешни акти на граѓански организации или релевантни документи за застапување во областа на здравствената заштита и/или јавните набавки;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

5. Временска рамка, надомест и други услови

Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 4 (четири) консултантски дена. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 31 октомври 2023 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 150 американски долари во денарска противвредност за еден консултантски ден.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 22.9.2023 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Изјава за интерес
  • Професионална биографија.

Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – упатство процеси за набавка на АРТ“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. 

Повик за ангажирање консултант: консултант за евалуација на континуумот на услугите за ХИВ во Северна Македонија за 2022 година

Продолжен рок за пријавување: 7.7.2023 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за евалуација на континуумот на услугите за ХИВ во Северна Македонија за 2022 година.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за ангажирање консултант за развивање предлог-текст за национално упатство за лекување на ХИВ-инфекцијата

Краен рок за пријавување: 30.5.2023 г. 

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за развивање предлог-текст за национално упатство за лекување на ХИВ-инфекцијата. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди: консултант за фацилитирање на процесот на национално стратешко планирање за ХИВ

Краен рок за пријавување: 26.4.2023 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант што ќе го фацилитира процесот на национално стратешко планирање за ХИВ за 4 или 5-годишен период почнувајќи од 2023 г.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПОВИК за пријавување на учество на работилница за доктори по стоматологија

Назив на стручната активност:

ХИВ-инфекцијата денес – дијагностика, лекување, професионален ризик и профилакса

Датум и место на одржување: 17-19 март 2023 г.Mia’s favorite хотел, Маврово

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ: Граѓанскиот сектор алармира за односот на Владата кон граѓанското општество

Скопје, 30 јануари, 2023 г. – Граѓанските организации кои се дел од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како избрани претставници на граѓанскиот сектор, искажуваат силен револт од односот на Владата кон Советот и воопшто кон граѓанското општество. За таа цел, бараме од Претседателот на Владата г-динот Димитар Ковачевски да оствари средба со претставници на граѓанските организации од Советот на која очекуваме да ја појасни политиката на Владата кон граѓанското општество, да се постигне согласност за претходно покренатите проблематични прашања и вистински да се возобнови дијалогот кој беше воспоставен во изминатите години.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ Аларм на граѓанските организации: Поради скратениот буџет за здравство ќе имаме смртни случаи што можат да се спречат и зголемени трошоци за здравствена заштита во иднина

Скопје, 23 декември, 2023 г. – Владата на Република Северна Македонија предложи срамен и произволен буџет за здравство за 2023 година, без никаква анализа и во нетранспарентна постапка, кој Собранието го усвојува без суштински интервенции. Во моменти на криза, Владата целосно го запоставува здравјето на граѓаните. Ваквата негрижа за многу наши блиски ќе биде прашање на живот или смрт. Притоа, станува збор за смртни случаи коишто може да се избегнат доколку се обезбеди соодветна превенција и современа терапија.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за ангажирање консултант за спроведување на проценка на потребите на лицата што живеат со ХИВ во Македонија

Продолжен рок за пријавување: 12 август 2022 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање за консултантска позиција:

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за ангажирање консултант за спроведување на проценка на потребите на лицата што живеат со ХИВ во Македонија

Продолжен рок за пријавување: 12 август 2022 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање за консултантска позиција:

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КОНКУРС за вработување на асистент за застапување

Продолжен рок за пријавување: 12 јули 2022

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата

асистент за застапување

Позицијата се отвора за период во траење до крајот на 2022 година, со тримесечен пробен период и планирано продолжување по 31.12.2022.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КОНКУРС за вработување на асистент за комуникации

Продолжен рок за пријавување: 12 јули 2022

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата

асистент за комуникации

Позицијата се отвора за период во траење до крајот на 2022 година, со тримесечен пробен период и планирано продолжување по 31.12.2022.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди: ангажирање консултант за развивање на политика за човечки ресурси

Датум на објавување: 23 април 2022 г.

Краен рок: 30.06.2022 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање за консултантска позиција:

  1. Консултант за развивање на политика за човечки ресурси

Оваа консултантска позиција е овозможена во рамките на поддршката на годишната работна програма на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, која е финансиски поддржана од Европската Унија.

На повикот може да се пријават физички или правни лица.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ КРИЗА СО ЛЕКОВИ? Информации и насоки за луѓето што живеат со ХИВ

Текстот што следува е наменет за сите луѓе што живеат со ХИВ во Македонија, а се однесува на актуелната криза со недостиг на антиретровирусни лекови. Во него се обидуваме да одговориме на главните прашања што веројатно ги има секое засегнато лице. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди: консултант за развивање осврт на јавна политика во врска со обезбедувањето пристап до животоспасувачки и есенцијални лекови во Северна Македонија

Краен рок за пријавување: 6.5.2022 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант што ќе помогне во развивањето осврт на јавна политика во врска со обезбедувањето пристап до животоспасувачки и есенцијални лекови во Северна Македонија.

Оваа консултантската позиција е овозможена во рамките на институционалниот грант за Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје од програмата Цивика Мобилитас.

1. Контекст

Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје е организација на пациентите со ХИВ-инфекција во Северна Македонија чија мисија е да ги поддржува луѓето што живеат со ХИВ во остварувањето на нивните права и да дејствува за ставање крај на ХИВ и за подобро здравје за сите луѓе, преку обезбедување услуги во заедницата и насочување на јавните политики. Во рамките на својата стратегија за периодот 2021-2025, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ предвидува да делува во насока на воспоставување системски решенија за подобрување на пристапот на македонските граѓани до животоспасувачки и есенцијални лекови воопшто, независно од видот на дијагнозата на одредена група пациенти. Во таа смисла, Здружението подготвува осврт на јавната политика на Република Северна Македонија во однос на обезбедувањето лекови за своите граѓани, кој ќе се темели врз искуството на пациентите со ХИВ, искуствата на други групи и здруженија на пациенти, како и на докажани пристапи на земји од регионот и од ЕУ за обезбедување лекови за своите граѓани. Консултантската позиција од овој повик одговара на потребата од техчника и стручна поддршка за остварување на оваа намера.

2. Опис на работните задачи

Од ангажираниот консултант се очекува да ги исполни следниве задачи:

  • Да спроведе консултација со ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и други релевантни здруженија на пациенти или здруженија што работат на полето на заштита на здравјето во врска со нивните искуства и/или гледиште за можните стратешки пристапи на земјата за обезбедување пристап до животоспасувачки и есенцијални лекови;
  • Да изврши анализа на релевантни документи, како закони и подзаконски акти што ја регулираат достапноста на лековите за граѓаните на Северна Македонија; извештаи од релевантен граѓански сектор и од релевантни институции; и др.;
  • Да подготви краток осврт за јавна политика во однос на стратешки пристапи на земјата во обезбедувањето животоспасувачки и есенцијални лекови за граѓаните, во согласност со насоките од точка 3. од овој повик.

Проценетиот обем на консултантскиот ангажман изнесува 8 консултантски денови.

За својата работа консултантот одговара пред извршниот директор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

3. Опис на очекуваниот продукт од консултантскиот ангажман

Краткиот осврт за јавна политика треба да опфати:

  • илустративни примери на недостапност на лекови во Северна Македонија: краток опис на одговорностите на релевантните институции (Министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за лекови и медицински средства) во однос на обезбедувањето на лекови;
  • осврт на долготрајниот проблем со позитивната листа;
  • осврт на стратешки пристапи – врз основа на пракси од земјите од ЕУ и регионот – за тоа како да се подобри достапноста на лекови во Северна Македонија;
  • артикулирање на потребата од стратешки пристап на земјата во однос на оваа тема;
  • предлози за политики што земјата може да ги воведе (вклучително и т.н. договори за менаџиран влез) како пристап до обезбеди достапност на животоспасувачки и есенцијални лекови за своите граѓани.

4. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

  • Релевантна универзитетска диплома во некоја од областите: фармакологија и фармација, јавно здравје, здравствени политики, здравствена економија, медицина или сродно;
  • Работно искуство во областа на здравствените политики и политиките поврзани со обезбедувањето лекови во Република Северна Македонија;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
  • Изградена способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

5. Критериуми за избор

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

  • Повисок степен на релевантно искуство;
  • Претходно искуство во слични процеси поврзани со темите за пристап до лекови и политики за лекови.

6. Временска рамка, надомест и други услови

Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 8 (осум) консултантски дена. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 5 јуни 2022 г.  Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 5375 денари за еден консултантски ден.

7. Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 6.5.2022 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Изјава за интерес – преку e-mail;
  • Професионална биографија која ќе го прикаже работното искуство релевантно за овој повик.

Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – политики за лекови“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

8. Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот.

Дали „заштедите“ во буџетот државата започна да ги прави врз грбот на најмаргинализираните?

Со кратење на буџетот за превенција од ХИВ за 40 %, Министерството за здравство го става на коцка здравјето на најмалку 10.000 засегнати граѓани

На скандалозен и паушален начин, без каква било стручна дискусија, Министерството за здравство скрати дури 40 % од средствата предвидени за превенција на ХИВ во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2022 година, која Владата ја усвои пред само еден месец. Со тоа, државата ги става во ризик од згаснување воспоставените капацитети за контрола на ХИВ-инфекцијата во земјава и го загрозува здравјето на најмалку 10.000 граѓани од маргинализираните заедници.

Наместо предвидените 46,5 милиони денари во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција наменети за услугите за превенција на ХИВ што ги спроведуваат околу 14 здруженија во 12 града во земјава, Министерството за здравство завчера објави јавен повик за здруженија со износ намален за дури 19 милиони денари. За одлуката не е консултирана националната комисија за ХИВ.

Благодарение на овие програми, Република Северна Македонија во изминатите 15 години одржуваше целосна контрола на епидемијата на ХИВ во популациите на луѓе што инјектираат дрога и сексуални работници и една од најниските стапки на инфекција во регионот. Во изминатите 3 месеци целокупниот национален одговор кон оваа епидемија е буквално на товар на 14 граѓански организации, кои продолжуваат со работа без никаков надомест за својот труд.

Прекинувањето на услугите за ранливите групи ќе значи пораст на нови инфекции и пораст на смртни случаи поради ХИВ, а од друга страна и зголемен притисок врз клучни здравствени институции, како што се Клиниката за инфективни болести и центрите за лекување на зависности. Дури и мал пораст на епидемијата на ХИВ ќе доведе до многукратно зголемување на трошоците за лекување и здравствена грижа. Оттука, одлуката за арбитрарно кратење едноставно е лоша јавно-здравствена политика.

Услугите за ХИВ што ги нудат граѓанските организации ги воспостави Министерството за здравство од 2005 до 2017 година со поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, кој има инвестирано 25,7 милиони долари за градење на националниот одговор кон ХИВ во земјата. Тие опфаќаат теренски и стационарни услуги за анонимно ХИВ-тестирање, советување, дистрибуција на средства за превенција на ХИВ и други крвно и сексуално преносливи инфекции, дијагностика и третман на сексуално преносливи инфекции, мобилни гинеколошки услуги, поддршка на луѓето што живеат со ХИВ и луѓето што се лекуваат од зависност од дрога и други комплементарни услуги. Од 2018 година, по завршувањето на надворешната финансиска поддршка, Владата на Република Северна Македонија формално го презеде како своја обврска финансирањето на услугите за превенција на ХИВ за групите изложени на поголем ризик и во своите политики се обврза да ја гарантира одржливоста во иднина.

Во Македонија сè уште млади луѓе умираат од ХИВ, а според методологија на Европскиот центар за контрола на болестите се проценува дека дури една третина (34 %) од вкупниот број лица што живеат со ХИВ во земјава не се свесни дека го имаат вирусот. Со ова Македонија значително заостанува зад просекот на светско ниво, кој за 2020 година изнесувал само 16 %. Глобалната цел до 2025 година е процентот на лица што не се свесни дека имаат ХИВ да се сведе на помалку од 5 %, што ќе доведе до драстичен пад во преносот на инфекцијата и ќе овозможи да се стави конечен крај на епидемијата на ХИВ до 2030 година.

Свесни за војната во Украина, каде што губиме наши пријатели и колеги, свесни за последиците од ковид-19 и за енергетската криза, алармираме дека мора да се одржи здравствената заштита за сите граѓани, вклучително и на најмаргинализираните, чие здравје се одразува и врз здравјето на целата популација. Превенцијата кај ранливите групи и кај младите не смее да биде жртва на политики за рационализација на државниот буџет. Во спротивно, порастот на епидемијата на ХИВ само ќе ги зголеми трошоците, а државата ќе плати со губење на човечки животи.

Имајќи ја предвид алармантната ситуација и повикувајќи се на обврските на земјата од Политичката декларација за ХИВ и СИДА на Обединетите нации од јуни 2021 година, вклучително и обврската за ставање крај на епидемијата на ХИВ, како и на обврските преземени од Владата да се обезбеди континуитет на програмите за ХИВ, бараме:

  1. Итно да се коригира објавениот јавен повик за здруженија што ќе ги спроведуваат активностите за превенција на ХИВ во согласност со износите предвидени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2022 година, усвоена од Владата во февруари годинава;
  1. Владата и Собранието конечно да го гарантираат континуитетот на веќе воспоставениот систем за заштита од ХИВ. Тоа значи: Собранието без одложување и во целост да ги усвои измените на Законот за здравствена заштита кои се во собраниска процедура, а се однесуваат на механизмот на вклучување на здруженија во спроведувањето на здравствените програми, а Министерството за здравство да развие подзаконски акти со кои ќе ги исполни обврските од заклучоците усвоени од Владата во септември 2017 година и обврските од претходната и тековната Стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор;
  1. Поради големото доцнење на објавата на јавниот повик, Владата и Министерството за здравство преку интервентна поддршка да ги надоместат трошоците на здруженијата за првото тримесечје од 2022 година настанати поради нивното посветено одржување на националниот одговор кон ХИВ.

Информации за контакт:

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, Андреј Сених тел. 070 344 693

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје Хајди Штерјова Симоновиќ, 070 400 096 ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, Елизабета Божиноска  078 396 186

Eдукативна програма за млади на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје – ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

Ако си млад геј или би маж, на возраст помеѓу 19 и 27 години,

ако си мотивиран да придонесеш за подобар квалитет на живот во својата заедница,

ако си заинтересиран за најновите, научно поткрепени и релевантни информации за сексуалното здравје на геј и би мажите, влучувајќи теми како: недетектабилно – непреносливо, ПрЕП, ПЕП, chemsex и многу други,

ПРИЈАВИ СЕ ЗА УЧЕСТВО во едукативната програма на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

—–

Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за заинтересирани учесници во едукативна програма која е осмислена специјално за млади од заедницата на геј и би мажи.

Цел на оваа едукативна програма е група млади геј и би мажи, кои се мотивирани да бидат активни во својата заедница, да стекнат најнови, со докази поткрепени и релевантни познавања за различни аспекти поврзани со сексуалното здравје, вклучувајќи и ХИВ, како и вештини што ќе им помогнат да делуваат во своите заедници за поголема свесноста за ХИВ како проблем, подобра грижа за сексуалното здравје и уживање во побезбедна и исполнувачка сексуалност.

Програмата, исто така, настојува да ги поттикне младите да се ангажираат како активисти во областа на ХИВ и сексуалното здравје, во рамките на својата заедница или пошироко.

Кој може да се пријави?

Оваа иницијатива е наменета за млади лица на возраст помеѓу 19 и 27 години што се идентификуваат како геј и би мажи, кои изразуваат соодветна мотивација за учество во програмата и за активирање во рамките на својата заедница. При селекцијата ќе се внимава на разнородноста на учесниците во однос на етничката припадност, географската поврзаност и разликите по други основи.

Еднакво се охрабруваат за едукативната програма да се пријават млади лица со ХИВ-позитивен, како и со ХИВ-негативен статус.

Сите трошоци за обуката ќе бидат покриени од ЗАЕДНО ПОСИЛНИ.

Програма

Едукативната програма е развиена од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во консултација со стручни лица, како и со млади припадници на заедницата на геј и би мажи.

Темите што ќе бидат опфатени ги вклучуваат:

различните аспекти на сексуалното здравје; ПрЕП и новите пристапи во заштитата од ХИВ; недетектабилниот статус и (не)преносливоста на ХИВ; chemsex; историјата и наследството на ХИВ- и ЛГБТ-активизмот низ филм и дискусија; како се лекува и контролира ХИВ-инфекцијата; како да се препознаат, дијагностицираат и лекуваат сексуално преносливите инфекции и други.

Содржините што ќе бидат покриени се засновани врз најновите докази од клинички и други истражувања во областа на превенцијата и лекувањето на ХИВ и сексуално преносливите инфекции. Обуката ќе ја водат искусни врснички едукатори и стручни соработници на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Оваа обука ќе има социјален и едукативен карактер според методите на неформалното образование, вклучувајќи интерактивни вежби, групни дискусии, симулации, анализа на филм, дебати и др.

Кога ќе се одржи обуката?

Обуката ќе се спроведе во два дела. Првиот дел од обукатa ќe биде дводневна работилница од 25-ти до 27-ти март а вториот дел ќе се одржи на 9-ти и 10-ти април. И двете работилници ќе се одржат надвор од Скопје.

Обуките и превозот ќе бидат организирани запазувајќи ги протоколите за заштита од КОВИД-19.

Вклученост по обуката

Учесниците што ќе ја поминат обуката ќе добијат можност директно да се вклучат во последователни креативни волонтерски акции на Здружението, како и во ангажмани со соодветен надомест. Дел од заинтересираните кандидати што успешно ќе ја завршат обуката ќе имаат можност да се вклучат и како даватели на услуги во ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и во други здруженија.

Како да се пријавам?

Заинтересираните млади лица коишто ги исполнуваат критериумите може да се пријават до 15.3.2022, пополнувајќи го овој краток прашалник: https://forms.gle/3tx5XUkjqEZqTUyAA

Напомена:

Учеството во едукативната програма е целосно доверливо.

Личните податоци се обработуваат во согласност со правилниците за заштита на личните податоци на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и на Законот за заштита на личните податоци. Податоците што ги оставате во оваа пријава се исклучиво за спроведување на процесот за избор на учесници и ќе бидат избришани по завршувањето на повикот.

Доколку имате потреба од дополнителни информации обратете се на телефонскиот број +389 78 235 632 или преку e-mail на [email protected]

——-

Оваа иницијатива е дел од годишната програма на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје финансиски поддржана од Европската Унија. Активноста има цел да придонесе (1) да се подобри вклученоста на млади геј и би мажи во адресирањето на прашања од областа на сексуалното здравје и ХИВ, и (2) да се зголеми свесноста за услугите за ХИВ и за сексуално здравје во рамките на заедницата на геј и бисексуални мажи и други мажи што имаат секс со мажи.

Исполнувањето на целта на оваа едукативна програма се очекува да придонесе за:

– Поголемо фактичко знаење во заедницата на геј и би мажи за ХИВ и сексуално преносливите инфекции

– Намалување на стигмата кон луѓето што живеат со ХИВ

– Зајакнување на културата за редовно ХИВ-тестирање и други проверки на сексуалното здравје

– Искористување на достапните бесплатни услуги за ХИВ и за сексуално преносливи инфекции

За ЗАЕДНО ПОСИЛНИ:

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е здружение на луѓето што живеат со ХИВ во Северна Македонија. Се води од визијата за општество во кое луѓето што живеат со ХИВ, како и сите други луѓе без разлика на здравствениот статус, се ослободени од стегите на стигмата и дискриминацијата и ги уживаат достигнувањата на науката за унапредување на своето здравје, ги поддржува луѓето што живеат со ХИВ во остварувањето на нивните права и дејствува за ставање крај на ХИВ и за подобро здравје за сите луѓе, преку обезбедување услуги во заедницата и насочување на јавните политики.

Повик за прибирање понуди: консултант за подготовка на процесот на национално стратешко планирање за ХИВ

Краен рок за пријавување: 19.12.2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант што ќе го помогне процесот на национално стратешко планирање за ХИВ за периодот 2022-2026.

Оваа консултантската позиција е овозможена во рамките на регионалниот проект „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project), кој е финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, а чии активности на ниво на Р. С. Македонија се раководени од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и се насочени на поддршка на националниот одговор кон ХИВ, во консултација со Националната комисија за ХИВ.

1. Контекст

Република Северна Македонија е земја со ниско ниво на епидемија на ХИВ, при што епидемијата е концентрирана во рамките на клучни засегнати популации. Се проценува дека заклучно со крајот на 2020 година околу 500 лица живееле со ХИВ во Северна Македонија, од коишто само 66% биле свесни за својата инфекција, што е значително понизок од глобалниот просек за истата година, кој изнесува 84%. Од друга страна, согласно проценките на национално ниво, 90% од дијагностицираните лица на крајот на 2020 година примале антиретровирусна терапија, а дури 94% од нив имале супримиран вирус во крвта (глобален просек за 2020 г. – 87% и 90% соодветно).

Земјата досега развила и спровела вкупно три национални стратегии за ХИВ, кои се однесуваа на периодот 2007 до 2021 година. Следната национална стратегија треба да се однесува на петгодишниот период 2022-2026, а ќе биде развиена од мултисекторска работна група формирана од Министерот за здравство, преку консултација на сите заинтересирани страни, вклучувајќи го и граѓанскиот сектор и претставници на луѓето што живеат со ХИВ и на заедниците засегнати од вирусот. Покрај достапните докази и релевантни анализи на национално ниво, новата национална стратегија треба да ги земе предвид и глобалните стратегии, препораки, како и меѓународно преземени обврски на државата во однос на ставањето крај на епидемијата на ХИВ до 2030 година.

2. Опис на работните задачи

Од ангажираниот консултант се очекува да ги исполни следниве задачи:

  • Да спроведе анализа на релевантни документи за националниот одговор кон ХИВ и глобалните стратегии и препораки во однос на одговорот кон епидемијата;
  • Да подготви извештај од анализата кој ќе служи како контекст, односно анализа на состојбата, за потребите на националното стратешко планирање за ХИВ за периодот 2021-2026;
  • Врз основа на консултација  со заинтересирани страни во националниот одговор кон ХИВ да развие предлог-структура за националниот стратешки план за ХИВ;
  • Да изготви препораки за спроведување на националното стратешко планирање за ХИВ.

Проценет обем на консултантскиот ангажман: 10 консултантски денови

За својата работа консултантот одговара пред извршниот директор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

3. Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Одлично познавање на процесите на стратешко планирање и искуство како фацилитатор на процеси на стратешко планирање за најмалку три институции или организации;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
  • Изградена способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

4. Критериуми за избор

Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:

  • Претходно учество во процеси на национално стратешко планирање (независно од областа);
  • Претходно искуство во слични процеси поврзани со темите ХИВ и/или јавно здравје;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

5. Временска рамка, надомест и други услови

Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 10 (десет) консултантски дена. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 31 декември 2021 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 130 американски долари во денарска противвредност за еден консултантски ден.

Со оглед на ограничената временска рамка за спроведување на ангажманот, предвидено е потпишување на договорот на 20 декември 2021 г.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 19.12.2021 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Изјава за интерес во која накратко ќе се осврнат на своите клучни квалификации што одговараат на условите на овој повик;
  • Професионална биографија, која ќе го прикаже работното искуство релевантно за овој повик.

Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – нац. стратегија ХИВ“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот.

ПОВИК за ангажирање консултант за статистичка обработка, анализа и интерпретација на клиничките и бихејвиоралните податоци добиени преку пилот студија за предекспозициска профилакса.

Скопје, 07 декември, 2021

Рок за пријавување: до 15 декември 2021 г.

Контекст

Имајќи го предвид непостоењето на каква било формална услуга за предекспозициска профилакса (ПрЕП) за ХИВ во Северна Македонија, Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, во соработка со нашиот партнер Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во јануари 2021 започна со имплементација на пилот-студија за воведување на ПрЕП во Северна Македонија со назив „Воведување на предекспозициска профилакса (ПрЕП) за ХИВ во Северна Македонија: демонстрациски проект за утврдување на изводливоста и прифатливоста на обезбедувањето на ПрЕП како дел од зајакнувањето на услугите за сексуално здравје“ (понатаму: пилот-студијата), која ќе обезбеди основи за подобро да се разбере на кој начин здравствениот систем би можел да ја интегрира ПрЕП во постојните услуги и да поттикне пристап до мошне потребните интервенции за да се преобратат актуелните растечки трендови на инциденцата на ХИВ во земјата. Пилот-студијата е дел од регионалниот проект „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project), раководен од Алијансата за јавно здравје од Украина со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, чии активности на ниво на С. Македонија се спроведуваат од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Резултатите од пилот студијата за воведување на ПрЕП во Северна Македонија за 2021 ќе обезбедат соодветни докази за воведување на ПрЕП како редовна услуга од пакетот за сеопфатно сексуално здравје, подобрување на превентивните политики за ХИВ во Северна Македонија, како и подобро согледување на актуелните состојби со ХИВ и сексуално преносливите инфекции во рамки на популациите засегнати од ХИВ.

Овој повик за консултант се објавува со цел да се ангажира експерт кој ќе помогне во статистичката обработка и интерпретација на податоците собрани од тековната студија.

Консултантска позиција

Овој повик се однесува на следнава позиција:

Консултант за статистичка обработка, анализа и интерпретација на клиничките и бихејвиоралните податоци добиени преку пилот-студија за предекспозициска профилакса

 

Опис на работните задачи

Консултантот за статистичка обработка и анализа на клиничките и бихејвиоралните податоци треба да ги изврши следниве задачи, неопходни за евалуација и изготвување финален извештај и публикации од пилот-студијата:

  • Да примени соодветни статистички операции од дескриптивната и аналитичката статистика со цел обработка на податоците дефинирани со примарните и секундарните цели и примарните и секундарните одредници во протоколот на студијата, односно:
    • Дистрибуцијата на карактеристиките на двете интервенциски групи да ја спореди со χ-квадрат тест за категориски податоци и студентов t-тест или тест на збир од рангови за континуирани податоци,
    • Да ја истражи поврзаноста меѓу изборот на интервенциската стратегија и потенцијалните детерминанти со униваријантна и мултиваријантна анализа на логистичка регресија,
    • Мултиваријантното градење на модел да го изврши преку употреба на етапна обратна процедура, вклучувајќи ги сите променливи со униваријантна p-вредност помала од 0,10,
    • Да примени соодветни униваријанти и мултиваријантни статистички методи (Poisson, логистичка регресија), коригирани за повторни мерења кај поединци за да се истражат промените низ времето и поврзаните детерминанти,
    • Временските трендови и детерминанти да ги истражи преку униваријантни и мултиваријантни регресиони анализи;
  • Да изработи табеларни и графички прикази на податоците од студијата;
  • Да изготви детална интерпретација на сите податоци добиени преку статистичката анализа, соодветна за публикација;
  • Да подготви финален извештај во вид на комплетен приказ на резултатите од студијата и нивна соодветна интерпретација.

Консултантот има обврска при изготвувањето на анализите да ги следи насоките на истражувачкиот тим на пилот студијата.

 

Обем на ангажманот и временска рамка

Ангажманот на консултантот треба да се спроведе во периодот од 20 декември 2021 г. до 15 јануари 2022 г.

За извршување на ангажманот од консултантската позиција предвидени се 7 консултантски денови.

Надомест и други услови

По завршувањето на задачите соодветни за консултантскиот ангажман на консултантот ќе му биде исплатен бруто надомест од 150 долари во денарска противвредност за еден консултантски ден.

Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните основни квалификации:

  • Универзитетска диплома
    • Одлично познавање на компјутерските програми Excel и SPSS или STATA или еквивалентни програми
    • Не помалку од 3 години искуство во научна или стручна работа со примена на статистичка обработка на податоци
    • Претходно искуство од работа на анализи релевантни за конкретниот ангажман
    • Одлично познавање на англискиот јазик

Критериуми за избор

Изборот ќе се спроведе врз основа на нивото на исполнување на неопходните квалификации за овој повик, како и следниве критериуми за предност:

  • Универзитетска диплома од областа на медицината или медицинските науки или јавното здравје;
  • Искуство во областа на јавното здравје, медицината или статистика во здравствениот сектор.

Краен рок и потребни документи за пријавување

За пријавување на повикот заинтересираните кандидати треба да ја достават својата професионална биографија, во која особено ќе ги истакнат потребните квалификации за избор и релевантното научно и стручно искуство, на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „ПрЕП-МКД_статистичка анализа“.

Пријавата може да вклучи публикувани материјали и/или друга претходна стручна работа на кандидатот релевантна за овој конкретен повик (во форма на линк или прилог).

Контакт лице за овој повик е Виктор Симеоновски, проектен координатор за ПрЕП во ЗАЕДНО ПОСИЛНИ: е-маил адреса: [email protected].

Краен рок за пријавување на повикот е 15 декември, 2021 г.

Повик за ангажирање консултант за изработка на кодекс на однесување и процедура за заштита при повредување на кодексот

Датум на објавување: 30 септември 2021 г.
Краен рок: 7 октомври 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за развивање на кодекс на однесување и процедура за заштита при повредување на кодексот.  Кодексот, како внатрешна организациска политика ќе ги содржи основните вредности и правила на добро однесување во организацијата, во сите аспекти на нејзината работа. Кодексот ќе се однесува на членовите, вработените, давателите на услуги и волонтерите кои се вклучени во различни сегменти на работата на Здружението. Целта е со него да се осигури добра деловна комуникација, подобрени услови на работење и добар организациски имиџ.

Развивањето на Кодексот на однесување е овозможено во рамките на институционалниот грант од програмата Цивика Мобилитас.

Опис на ангажманот

Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи:

  • Да осмисли и фацилитира еден до три консултативни состанок со назначена работна група;
  • Врз основа на спроведениот консултативен процес да понуди препораки и насоки за развивање на Кодексот, што треба да обезбедат добра внатрешна и надворешна комуникација, доверба и интегритет во секојдневната работа во согласност со водечките принципи на Здружението;
  • Да достави предлог-документ во форма на внатрешна организациска политика со јасно изложување на дефинираните вредности и стандарди за успешна комуникација, правилно постапување со информации, одржување на доверливоста и интерна постапка за справување при прекршување на кодексот; Документот треба да биде концизен и не треба да биде подолг од 5 страници во Word со фонт Calibri и големина 12.
  • Да подготви финална верзија на Кодексот на однесување.

За својата работа консултантот одговара пред извршниот директор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Искуство во спроведување на слични процеси во областа на организацискиот развој;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
  • Изградена способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

Критериуми за избор

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во развивање организациски политики со сродна тематика и во сродни организации;  
  • Соодветна лична мотивација за конкретниот ангажман;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

Временска рамка, надомест и други услови

Процесот на развивање на кодексот на добри практики и подготовката на финалниот документ треба да заврши до 31 октомври 2021 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантските услуги со покриен персонален данок на доход. Предвидениот надомест за овој ангажаман е во бруто износ од 27.500,00 денари.

Консултативните состаноци ќе се одвиваат он-лајн преку платформата ZOOM.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 7.10.2021 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за интерес (до 250 збора) во кое накратко ќе го образложат предложениот пристап што би го примениле и ќе се осврнат на личната мотивација за овој ангажман;
  • Професионална биографија, која ќе го прикаже работното искуство релевантно за овој повик.
  • Контакт за препорака од одговорно лице од граѓанска организација за која консултантот спровел релевантен процес од областа на развивање организациски политики или од областа на организацискиот развој: име и презиме, телефон и електронска пошта.

Документите за пријавување на повикот со назнака „Повик за консултант – кодекс на однесување“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу тројца најдобро рангирани кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатот од изборот по електронски пат во рок од 7 дена по затворањето на повикот.

ПОВИК за ангажирање консултант за развивање на комуникациска стратегија и протокол за комуникација

Датум на објавување: 18 август 2021 г.
Краен рок: 25 август 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање консултант за развивање на комуникациска стратегија и протокол за комуникација на Здружението.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПОВИК за ангажирање консултант за развивање веб-содржини за политиките за достапност на лекови во Северна Македонија

Датум на објавување: 21 мај 2021 г.
Краен рок: 28 мај 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање консултант за развивање веб-содржини во врска со политиките за достапност на лекови во Северна Македонија наменети за веб-страната на Здружението.Целта на оваа активност е да се развие сегментот на веб-страната на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ којшто се однесува на пристапот до лекови во Република Северна Македонија воопшто, со информации и осврти на актуелните политики за лекови, кој треба да служи уникатен ресурс од оваа област за пациентите воопшто и за граѓанскиот сектор.  

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди: ангажирање консултант за финансиско-административни процедури и за финансиски менаџмент

Датум на објавување: 16 април 2021 г.
Краен рок: 14.05.2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање за следниве консултантски позиции:

  1. Консултант за финансиски и административни процедури
  2. Консултант за развивање алатка за буџетирање и финансиски мониторинг
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди: ангажирање консултант за финансиско-административни процедури и за финансиски менаџмент

Датум на објавување: 30 март 2021 г.

Краен рок: 07.04.2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање за следниве консултантски позиции:

  1. Консултант за финансиски и административни процедури
  2. Консултант за развивање алатка за буџетирање и финансиски мониторинг
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за ангажирање консултант за развивање на план и механизми за волонтирање

Датум на објавување: 26 февруари 2021 г.

Краен рок: 01.03.2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање консултант за развивање на план и механизми за вклучување на волонтери во спроведувањето на активности на Здружението, со дефинирани облици на волонтерски ангажман. Целта на оваа активност е Здружението да ги прошири и структурира можностите за волонтерски ангажман во својата работа и да ја зголеми мобилизацијата на млади активисти. Активноста се надоврзува на тековните активности од нашиот план за работа за 2020 г. за мобилизација на млади од ЛГБТ заедницата како група особено засегната од ХИВ според епидемиолошките податоци за С. Македонија, вклучувајќи како лица што живеат со ХИВ, така и ХИВ-негативни лица. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИТ експерт за надрградба на софтвер

Повик за ангажирање ИТ експерт за надградба на софтвер за следење на програмски активности и систем за следење на успешност по индикатори

Датум на објавување: 5 февруари 2021 г.

Краен рок: 12 февруари 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање ИТ експерт за надградба на софтвер за следење на програмски активности и систем за следење на успешност по индикатори. Основна цел на оваа надградба е подобрување на функционалностите на софтерското решение, кое треба да придонесе за подобра ефикасност и организација при пребарување со бараните податоци, контрола и увид од страна на корисниците во реално време, како и додавање дополнителни полиња за внес, кои што ќе овозможат подетално филтрирање при приказ на извештаите.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПрЕП во Македонија? Конечно!

Започнува пилот-програмата за предекспозициска профилакса. Дознај повеќе и пријави се за учество

ПрЕП или предекспозициска профилакса е алатка за превенција на ХИВ. Таа претставува таблета – комбинација од две антиретровирусни активни состојки кои може да ги зема ХИВ-негативно лице, во период на ризик, за да се заштити од инфицирање со ХИВ.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Продолжен е рокот за пријавување на повикот за ангажирање консултант за изработка на кодекс на добри практики за вклученост

Датум на објавување: 11 јануари 2021 г.

Краен рок: 18 јануари 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за развивање на кодекс на добри практики за вклученост на членовите на Здружението, пошироката заедница на луѓето што живеат со ХИВ и други засегнати конституенти во процесите на носење на одлуки, застапување, развивање на идеи и активности и др.

Оваа консултантската позиција е овозможена во рамките на институционалниот грант од програмата Цивика Мобилитас.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за изработка на кодекс на добри практики за вклученост

Датум на објавување: 22 декември 2020 г.

Краен рок: 29.12.2020 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за развивање на кодекс на добри практики за вклученост на членовите на Здружението, пошироката заедница на луѓето што живеат со ХИВ и други засегнати конституенти во процесите на носење на одлуки, застапување, развивање на идеи и активности и др.

Оваа консултантската позиција е овозможена во рамките на институционалниот грант од програмата Цивика Мобилитас.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со кампања за Светскиот ден на СИДА – „Важно е да се открие навреме“

Скопје, 27 ноември 2020 – Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, како организација на самите лица засегнати од овој вирус, и оваа година организира активности за подигнување на свесноста за ХИВ-инфекцијата.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Конкурс за ангажирање на координатор на имплементациска студија за предекспозициска профилакса за ХИВ во Македонија

Рок за пријавување: до 27 ноември 2020 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за ангажирање на координатор на имплементациска студија за предекспозициска профилакса

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

РЕАКЦИЈА: Кому му пречат превенцијата и заштитата од ХИВ? Кондоми и лубриканти се дел од превенцијата на ХИВ во државата повеќе од 15 години!

Граѓанската платформа за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ најостро ги осудува медиумите и политичките партии кои ја занемаруваат превенцијата на ХИВ како важна за заштитата на јавното здравје и на животот на најранливите граѓани засегнати од ХИВ.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повик за прибирање понуди: ангажирање консултант за стратешко планирање

Датум на објавување: 24.8.2020 г.

Краен рок: 31.8.2020 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант што ќе го помогне процесот на стратешко планирање на Здружението.

Оваа консултантската позиција е овозможена во рамките на поддршката од Фондацијата Отворено општество  Македонија и институционалниот грант од програмата Цивика Мобилитас

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ХИВ и сексуалното здравје

Eдукативна програма за млади на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

Датум на објавување: 21.8.2020 г.

Краен рок: 1.9.2020 г.

Ако си млад геј или би маж, на возраст помеѓу 20 и 27 години,

ако си мотивиран да придонесеш за унапредување на квалитетот на живот во својата заедница,

ако си заинтересиран за најновите, научно поткрепени и релевантни информации за сексуалното здравје на геј и би мажите, влучувајќи ги темите недетектабилно – непреносливо, ПрЕП, chemsex и многу други,

пријави се за учество во оваа едукативна програма на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

16 политички партии се заложија услугите од значење за јавното здравје што ги даваат граѓанските организации да бидат препознаени во Законот за здравствена заштита

Во предизборниот период, вкупно шестнаесет политички партии се обврзаа дека по изборите ќе се заложат за преземање акции за обезбедување континуитет на програмите за превенција на ХИВ со цел да ѝ се стави крај на епидемијата на ХИВ и до 2030 година да се постигнат нула нови инфекции во Република Северна Македонија.

прочитај повеќе

Повик до политичките партии ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРИОРИТЕТНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ОД СТРАНА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Здруженијата на граѓани ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав.

прочитај повеќе

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје – како сме вклучени во одговорот кон КОВИД-19?

Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје продолжува да делува, со соодветни прилагодувања заради заштита на корисниците на нашите услуги и на вработените и ангажираните лица, и во периодот во којшто се на сила мерките на Владата на Република Северна Македонија за заштита и спречување на преносот на новиот коронавирус.

прочитај повеќе

Министерството за образование и наука мора итно да спроведе целосна ревизија на наставните програми и учебници

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува препораката на Народниот правобранител со која му се укажува на Министерството за образование и наука да спроведе ревизија на учебниците по социологија за втора година гимназиско образование и да ги замени спорните содржини со текстови кои се ослободени од дискриминација по која било основа.

прочитај повеќе

Граѓанските организации ја повикуваат Владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество

Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година.

прочитај повеќе

Град Скопје ја потпиша Париската декларација

Градоначалникот Шилегов и Константин Војцехович, претставник на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА, денеска ја потпишаа Париската декларација и Град Скопје им се придружи на градовите низ светот во напорите да се стави крај на епидемијата на ХИВ како закана за јавното здравје до 2030 година.

прочитај повеќе

Добротворна забава #ЗаедноПосилни

Во петокот, 29 ноември 2019 година, во „ShortBus“ се одржа добротворниот настан #ЗаедноПосилни во склоп на активностите за одбележување на Светскиот ден на СИДА, 1 декември. Диџеите Соња Исмаил, Ивана Драгшиќ и Вера Вендета на гостите им приредија фантастична забава која траеше до доцна во ноќта, а модератори на настанот беа ТВ водителите Марко и Цеце.

прочитај повеќе

Кампања #ЗаедноПосилни

Светскиот ден на СИДА, кој од 1988-та се одбележува на 1 декември секоја година, е меѓународен ден посветен на подигнувањето на јавната свесност за ХИВ и СИДА, посебно истакнувајќи ги постигнатите достигнувања во превенција на ХИВ-инфекцијата, но и достапноста на терапија со чие навремено почнување и редовно земање се очекува повеќето луѓе да имаат просечно долг и квалитетен живот како и луѓето кои немаат ХИВ. Покрај сеќавањето на оние кои ја изгубиле битката со ХИВ, воедно се изразува солидарност со и поддршка на луѓето што живеат со ХИВ. Меѓународниот симбол за свесност и поддршка е црвената панделка.

прочитај повеќе

Европска недела на тестирање

Дали ХИВ може да се најде во прехранбените продукти во маркетите? Дали може да се пренесе преку допир, прегратка или бакнеж? Дали „HAARP“ системот има влијание врз епидемијата на ХИВ во светот?

прочитај повеќе