Кампања #ЗаедноПосилни

Светскиот ден на СИДА, кој од 1988-та се одбележува на 1 декември секоја година, е меѓународен ден посветен на подигнувањето на јавната свесност за ХИВ и СИДА, посебно истакнувајќи ги постигнатите достигнувања во превенција на ХИВ-инфекцијата, но и достапноста на терапија со чие навремено почнување и редовно земање се очекува повеќето луѓе да имаат просечно долг и квалитетен живот како и луѓето кои немаат ХИВ. Покрај сеќавањето на оние кои ја изгубиле битката со ХИВ, воедно се изразува солидарност со и поддршка на луѓето што живеат со ХИВ. Меѓународниот симбол за свесност и поддршка е црвената панделка.

Во пресрет на Светскиот ден на СИДА, во соработка со „Види Вака“ и со поддршка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија изработивме кратко информативно и едукативно видео за ХИВ кое можете да го подгледнете подолу.