Кои сме
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е здружение на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во Северна Македонија коешто обезбедува поддршка за луѓето со ХИВ и се грижи за подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Нашите членови се лица кои живеат со ХИВ и нивни блиски поддржувачи. ЗАЕДНО ПОСИЛНИ обединува луѓе различни по пол, возраст, сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност, верско убедување, социјален и образовен статус, политичка ориентација и по многу други основи.
Целосен назив:
Здружение за здравствени политики и права „Заедно посилни“ Скопје
Скратен назив:
Здружение ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Визија
Сите луѓе имаат еднаква можност да живеат во добро здравје и благосостојба.
Мисија
Ги унапредуваме здравјето и благосостојбата на луѓето засегнати од ХИВ и од други здравствени и социјални предизвици преку услуги, развој на јавни политики, заштита на човековите права, едукација, мобилизација и партнерства.
Цели на Здружението
Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје со своето делување настојува да ги оствари следните специфични цели:
- Зајакнување на луѓето што живеат со ХИВ за да можат да се справуваат со предизвиците што ги носат здравствените и социјалните аспекти на ХИВ-инфекцијата;
- Искористување на стигмата и дискриминацијата кон луѓето што живеат со ХИВ и оние што на друг начин се засегнати од ХИВ во сите сегменти на општественото живеење;
- Обезбедување самопомош, меѓусебна поддршка, солидарност, грижа и надворешна поддршка за луѓето што живеат со ХИВ и нивните блиски;
- Обезбедување квалитетен и достоинствен живот за луѓето што живеат со ХИВ;
- Обезбедување поголемо учество на луѓето со ХИВ во решавањето на сите прашања што ги засегаат, во согласност со Денверските принципи од 1983 година, меѓународно признаениот принцип GIPA од 1994 година, како и во согласност со целокупната светска традиција на активизмот на луѓето со ХИВ и СИДА во борбата за човекови права, за изнаоѓање и усовршување на терапиите и лекувањето и за универзален пристап до нив;
- Подобрување на квалитетот и достапноста на расположливите здравствени услуги и сервиси за луѓето што живеат со ХИВ;
- Обезбедување навремен и континуиран пристап до современа и квалитетна антиретровирусна терапија и сеопфатно лекување и здравствена нега за луѓето што живеат со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката;
- Унапредување на здравствениот систем преку имплементирање на здравствени политики базирани на докази, дигитализација и искоренување на корупцијата;
- Развивање на стратегиски пристап за елиминирање на системски и структурни бариери кои влијаат на пристапот до лекови, во консултација со граѓанскиот сектор;
- Унапредување и заштита на граѓанските, здравствените, сексуалните и репродуктивните права, како и останатите човекови права на ранливи групи во сите сегменти на општественото живеење;
- Почитување на принципите на владеење на правото и доброто владеење, и зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во донесувањето и имплементирањето на политиките.
Градење капацитети и фацилитирање на националниот одговор кон ХИВ
„Заедно посилни“ повремено организира и активности за градење капацитети во врска со ХИВ кај здравствени работници и други стручни профили. Исто така, иницираме и фацилитираме експертски консултативни процеси во врска со лекувањето и превенцијата, како и со менаџирањето на националниот одговор кон ХИВ.
Делување преку партнерства
Веруваме дека успешни промени се постигнуваат со здружени напори; поддржуваме и делуваме преку партнерства со други организации од граѓанското општество коишто негуваат слични вредности како нас и делуваат за заеднички цели.
Вредности
Во својата работа, како и во комуникацијата во и надвор од Организацијата, „Заедно посилни“ се води од следниве вредности:
- Почитување на човековите права и достоинството
- Еднаквост и вклученост
- Емпатичност и солидарност
- Доверливост
- Транспарентност и отчетност
- Партнерство и соработка
- Иновативност и учење.
Стратешки цели на Здружението (2026-3030 г.)
ЦЕЛ 1: Да осигуриме луѓето што живеат со ХИВ во С. Македонија да имаат пристап до современи здравствени услуги, програми за квалитетен живот и ефикасна заштита од дискриминација.
ЦЕЛ 2: Да придонесеме за поголема достапност на услуги и програми за ставање крај на ХИВ и на сексуално преносливите инфекции.
ЦЕЛ 3: Да придонесеме за развојот на современ здравствен систем во Северна Македонија и ефективни јавни политики, засновани врз докази, што ќе одговорат на потребите на пациентите и ќе ги унапредат правата на маргинализираните заедници.
Историјат
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ беше основано во 2009 година како група за поддршка и активизам на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во рамките на асоцијацијата ХЕРА, а како самостојно здружение беше регистрирано во декември 2013 година, по Основачкото собрание кое се одржа на 5 октомври, 2013 г.