Политика за приватност

Приватноста на корисниците е од исклучителна важност за Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје (во понатамошниот текст: ЗАЕДНО ПОСИЛНИ) . Овој документ ја утврдува политиката за приватност и приватните информации што ЗАЕДНО ПОСИЛНИ ги собира од корисниците при секое консултирање на веб-сајтот.

Логови
Како и многу други веб-сајтови, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб-прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб-прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.

Колачиња и „Web Beacons“ (веб-тракери)
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ користи колачиња за да ги запамти корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од страна на корисникот и за да го прилагоди веб-сајтот врз база на веб-прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку неговиот веб-прелистувач.

Колачиња од други платформи и веб-сајтови
При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-сајтови како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-сајтот со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола над надворешните колачиња.

Колачиња од алатките за споделување содржини
Ве молиме, имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата „сподели“ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да споделуваат статии со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола над нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-сајтови за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

Google Analytics колачиња
Го користиме Google Analytics, кој е сервис на компанијата Google, Inc. за анализирање на посетеноста на веб-сајтовите, за да го утврдиме бројот на посетители на нашиот веб-сајт и да спроведеме анализа како тие се служат со веб-сајтот, со цел да одредиме како нашите корисници ни ги вреднуваат содржините. За повеќе информации во врска со овие колачиња кликнете овде.