Структура

Органи и управување

Највисокиот орган на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје е собранието на членовите, кое по правило заседава еднаш годишно, а по потреба и почесто. Здружението има претседател и управен одбор, кои ги избира собранието на членовите за период од две години со можност за повторен избор.

Претседателот е овластен застапник на Здружението, ги води седниците на Собранието и седниците на управниот одбор и ги потпишува нивните одлуки.

Управниот одбор се состои од 3 до 5 члена на Здружението, вклучувајќи го и претседателот. Одборот е овластен да одлучува во име на собранието на членовите во период помеѓу две седници на собранието.

Членовите на органите на Здружението не примаат надомест за својата работа.

Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ има извршна канцеларија од професионално ангажирани лица со која раководи извршниот директор и која се грижи за спроведување на програмските активности на Здружението. Извршниот директор е именуван од управниот одбор на Здружението и е исто така застапник по закон.

Здружението применува двојна авторизација на сите финансиски трансакции.

Органи и управување на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје