Продолжен рок за пријавување: 7.7.2023 г.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање консултант за евалуација на континуумот на услугите за ХИВ во Северна Македонија за 2022 година.
Оваа консултантска позиција е овозможена во рамките на регионалниот проект „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ (#SoS_project 2.0), кој е финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, а чии активности на ниво на Р. С. Македонија се раководени од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и се насочени кон поддршка на националниот одговор кон ХИВ, во консултација со Националната комисија за ХИВ. Активноста е дел од годишната работна програма на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, која е поддржана од Европската Унија.
1. Контекст
Република Северна Македонија е земја со ниско ниво на епидемија на ХИВ, при што епидемијата е концентрирана во рамките на клучни засегнати популации. Напредокот на земјата кон постигнувањето на глобалните цели за ставање крај на епидемијата на ХИВ како проблем на јавното здравје до 2030 година се мери и преку евалуирање на т.н. каскада на услугите за ХИВ, односно континуум на грижата во врска со ХИВ, која подразбира проценка на вкупниот број лица што живеат со ХИВ во даден момент, како и проценка на бројот и процентот на оние што се дијагностицирани, оние што се поставени на антиретровирусна терапија и оние што имаат успешно потиснат вирус во крвта. Последниот стадиум на овој континуум (потиснат вирус) се однесува на состојбата која овозможува човековиот имунитет да биде заштитен и да закрепне и при која е невозможно да се пренесе вирусот по сексуален пат. Средорочните глобални цели за одговорот кон ХИВ до 2025 година, предвидуваат 95% од проценетиот број на лица инфицирани со ХИВ да бидат дијагностицирани, а најмалку 95% од дијагностицираните да бидат поставени на терапија.
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е здружение на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во С. Македонија и нивните поддржувачи која обезбедува поддршка за лицата со ХИВ во остварувањето на нивните права и која дејствува за насочување на јавните политики кон ставање крај на епидемијата на ХИВ. Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ го поддржува градењето капацитети и експертиза во земјата во врска со националниот одговор кон ХИВ, вклучувајќи го и полето на епидемиолошкиот надзор и анализата на податоците. Дел од мисијата на Здружението е и да придонесе за ефективност на националниот одговор кон ХИВ и да го поддржи напредокот на С. Македонија кон постигнувањето на глобалните цели до 2025 година (т.е. до 2025 г 95% од лицата што живеат со ХИВ ќе бидат свесни за својот ХИВ-статус; 95% од оние што се свесни за статусот ќе бидат на терапија; и 95% од оние на терапија ќе имаат целосно потиснат вирус во крвта).
Евалуацијата на континуумот за ХИВ спроведена минатата година со поддршка од ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во соработка со Институтот за јавно здравје и Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, според методологија препорачана од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, покажа дека заклучно со крајот на 2021 година околу 500 лица живееле со ХИВ во Северна Македонија, од коишто 70,3 % биле свесни за својата инфекција, што е значително пониско од глобалниот просек за истата година, кој изнесува 85 %. Од друга страна, согласно со оваа анализа, 94,5 % од дијагностицираните лица на крајот на 2021 година примале антиретровирусна терапија, а дури 96,2 % од нив имале супримиран вирус во крвта (глобален просек за 2021 г. – 88% и 92% соодветно). Заради добивање попрецизен увид во текот на епидемијата на ХИВ во С. Македонија, како и проценка на успешноста на мерките на национално ниво, неопходно е оваа анализа да се спроведува годишно низ консултација со повеќе вклучени страни, а особено стручните лица од клиничката пракса, епидемиолозите и граѓанскиот сектор што се занимава со политиките во врска со ХИВ и претставниците на пациентите.
Со овој консултантски ангажман ќе се обезбеди спроведување на евалуацијата на националниот континуум на услугите за ХИВ заклучно со крајот на 2022 година. Покрај домашниот експерт ќе биде ангажирана и надворешна стручна поддршка во примената на препорачаната методологија и алатката за математичко моделирање за ХИВ на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.
2. Опис на работните задачи
Од ангажираниот консултант се очекува да ги исполни следниве задачи:
– Прибирање и организирање на неопходните податоци за примена на алатката за математичко моделирање за ХИВ на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите и за евалуација на континуумот (2 дена),
– Евалуација на трите основни стадиуми на континуумот на услугите за ХИВ (т.е. број/процент на дијагностицирани, број/процент на лица на терапија и број/процент на лица со супримиран вирус) (1 ден),
– Подготовка на нацрт извештај од евалуацијата (1 ден),
– Подготовка на финален извештај од евалуацијата (1 ден).
Проценет обем на консултантскиот ангажман: 5 консултантски денови
Одговoрно лице за спроведување на ангажманот на консултантот ќе биде извршниот директор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.
3. Профил и неопходни квалификации
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:
− Експертиза и искуство во областа на епидемиологијата;
− Искуство во обработка на епидемиолошки податоци со примена на електронски алатки;
− Искуство во научно-истражувачка работа во областа на епидемиологијата, медицинатаили јавното здравје;
− Изградени способности за тимска стручна работа;
− Солидно познавање на англиски јазик
4. Критериуми за избор
Предност за добивање на ангажманот ќе имаат кандидати со:
− Искуство во изготвување на слични анализи во областа на епидемиологијата;
− Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.
5. Временска рамка, надомест и други услови
Предвидениот обем на консултантскиот ангажман изнесува 5 (пет) консултантски дена. Спроведувањето на задачите наведени во точка 2 треба да заврши до 31 август 2023 г.Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги, а ќе биде надоместен со бруто износ од 150 американски долари во денарска противвредност за еден консултантски ден.
Краен рок и потребни документи за пријавување
Најдоцна до 30.6.2023 г., заинтересираните кандидати треба да достават:
− Изјава за интерес;
− Професионална биографија.
Документите за пријавување на повикот со назнака „апликација – континуум ХИВ“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:
Постапка за избор на консултант
Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу двајца најдобро рангирани кандидати може да биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот.