Дали ХИВ може да се најде во прехранбените продукти во маркетите? Дали може да се пренесе преку допир, прегратка или бакнеж? Дали „HAARP“ системот има влијание врз епидемијата на ХИВ во светот?
Во рамките на есенската кампања на Европската недела за тестирање, која годинава се одржува од 22 до 29 ноември, „ХЕРА“ и „Заедно посилни“ организираа неформална дружба во „Котур“ во петокот, 22 ноември, 2019 г., со почеток од 19 часот, која опфати разговори, проверка на митовите и фактите за ХИВ и проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ. Исто така, посетителите имаа можност да се информираат за сервисите на двете организации и да ги запознаат луѓето вклучени во нивното давање. Фотографии од настанот погледнете со клик овде.
„Заедно посилни“ е само една од над 750 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ тестирање со цел да се зголеми пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат пристап до терапија, грижа и поддршка.