Продолжен рок за пријавување: 12 јули 2022
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата
асистент за застапување
Позицијата се отвора за период во траење до крајот на 2022 година, со тримесечен пробен период и планирано продолжување по 31.12.2022.
Опис на работната позиција
Асистентот за застапување е лице со образование од областа на правото кое учествува и помага во активностите за застапување – вклучувајќи обезбедување на современи тераписки опции за пациентите со ХИВ и остварување на правото на квалитетна здравствена заштита, застапување за унапредување на програмите за заштита од ХИВ во рамките на граѓанскиот сектор и нивно соодветно буџетирање – и активностите поврзани со заштита од дискриминација на луѓето со ХИВ и лица засегнати од вирусот. Асистентот за застапување самостојно раководи со одредени активности, со поддршка од програмскиот координатор и/или извршниот директор.
Работни задачи
Поконкретно, асистентот за застапување:
- подготвува комуникации со институциите во доменот на прашањата за кои се застапува Здружението;
- документира случаи на дискриминација и прекршување на правата на лица што живеат со ХИВ и лица засегнати од вирусот;
- подготвува претставки до релевантни институции и тела во име на Здружението и во име на негови штитеници;
- учествува во нудење поддршка на штитеници и корисници на услугите на Здружението;
- ги следи процесите за обезбедување на антиретровирусните лекови во Македонија;
- следи политики и процеси во земјата поврзани со остварување на правото на здравје;
- раководи со осмислувањето на кампања за санкционирање на дискриминација;
- прегледува документи од правен карактер;
- подготвува информации за јавноста и целните групи во врска со својот домен на работа;
- врши и други задачи за Здружението во согласност со потребите.
Работно време
Работната позиција подразбира полно осумчасовно работно време, од понеделник до петок, од 8:30/9:00 до 16:30/17:00 ч, со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.
Неопходни квалификации
Кандидатите треба да ги имаат следниве квалификации:
- завршено високо образование во областа на правото;
- одлични вештини на усна и писмена комуникација;
- најмалку 2 години работно искуство;
- силна мотивираност за унапредување на здравјето и квалитетот на живот на луѓето засегнати од ХИВ;
- апсолутна доверливост и сензитивност за работа со луѓе што живеат со ХИВ и припадници на заедниците засегнати од ХИВ;
- изградени вештини за спроведување на административни задачи;
- одговорност и запазување на рокови.
Предности
Следниве дополнителни квалификации ќе се сметаат за предност при изборот на кандидат за работното место:
- работно искуство во областа на заштита од дискриминација или заштита на правата на граѓаните;
- работно или волонтерско искуство во граѓанскиот сектор;
- релевантно дополнително образование или едукации;
- познавања на проблематиката поврзана со ХИВ;
- организираност и самоиницијативност;
- повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.
Постапка за избор на кандидат/-ка:
Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 5 најдобро рангирани кандидати/-тки ќе биде спроведено интервју и евентуално тестирање. Во зависност од резултатите од тестирањето и интервјуто ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понудена работната позиција. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, најдоцна 10 дена по затворањето на конкурсот.
Потребни документи
Најдоцна до 12 јули, 2022 г., заинтересираните кандидати треба да достават по електронски пат:
- професионална биографија во која ќе бидат резимирани клучните квалификации што одговараат на барањата на овој повик; и
- писмо за мотивација (максимум 300 збора) во кое ќе објаснат зошто сакаат да работат на конкретната позиција и во конкретната организација и на кој начин би придонеле за унапредување на работата на Здружението кога би ја добиле работната позиција.
На кандидатите што ќе влезат во потесниот избор може да им биде побаран и контакт за препорака во текот на процесот на избор.
Важно: Особено се охрабруваат да се пријават на конкурсот лица што живеат со ХИВ. Доверливоста во однос на ХИВ-статусот, доколку се сподели со комисијата за избор, е строго гарантирана, во согласност со Закон, како и со политиките и праксата на Здружението.
Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс асистент за застапување“ доставeте ги електронски на следнава адреса: [email protected]