Добредојдовте на веб-сајтот на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје (во понатамошниот текст: ЗАЕДНО ПОСИЛНИ). Со прелистувањето и користењето на овој веб-сајт, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите правила за користење на веб-сајтот, кои заедно со нашата политика за приватност ја дефинираат релацијата на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со вас во врска со овој веб-сајт.
Терминот ЗАЕДНО ПОСИЛНИ или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на овој веб-сајт. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашиот веб-сајт. Користењето на овој веб-сајт е условено со следните правила за користење:
- Содржините на страниците на овој веб-сајт се наменети само за ваше лично информирање и користење. Содржините може да се менуваат без претходна напомена.
- Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на овој веб-сајт за која било намена. Со самото користење на веб-сајтот, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.
- Користењето на кои било информации или материјали од оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, претходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.
- Овој веб-сајт содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила за користење.
- Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашата веб-страница.
- Неавторизираното користење или злоупотреба на овој веб-сајт (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Северна Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.
- Повремено овој веб-сајт може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-сајтови. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-сајтовите. ЗАЕДНО ПОСИЛНИ не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-сајтови.
Ограничување од одговорност
Информациите содржани на овој веб-сајт се од генерален информативен карактер. Тие се пуштаат во промет од ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со цел да се дојде до слободен пристап до информациите и до мислењата, без притоа да се гарантира нивната точност, целост и веродостојност, како и оние врз чиишто извори се базира содржината. Секое користење на информациите е на ризик на читателот.
Во ниеден случај нема да бидеме одговорни во случај на каква било загуба или штета, индиректна или последователна загуба или штета, или каква било загуба или штета настаната од губењето податоци или профити од, или во врска со, користењето на овој веб-сајт.
При користење на овој веб-сајт, можете да бидете насочени и кон други веб-сајтови чија содржина не е под контрола на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ. Нашата НВО нема ниту директна ниту индиректна контрола врз природата, содржините или достапноста на овие веб-сајтови. Вклучувањето на какви било линкови не имплицира нужно препорака или поддршка на ставовите и мислењата изразени на нив.
Се прават сите напори за да се одржи достапноста и оперативноста на овој веб-сајт. Во секој случај, не преземаме одговорност, или нема да бидеме виновни, доколку веб-сајтот е привремено недостапен како резултат на технички проблеми надвор од наша контрола.
Авторски права
Оваа веб-страница е сопственост на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Сите права се задржани.
Секое копирање на дел или целосна репродукција на нашите содржини е забранета, освен во следниве случаи:
- можете да ги печатите или да ги снимате на дискови нашите содржини само за лична употреба;
- можете да ги копирате нашите содржини за лична употреба од трети лица само доколку го наведете веб-сајтот како извор на материјалите.
Во никој случај не смеете да ги копирате ниту да ги користите овие содржини без претходна пишана дозвола. Нивната репродукција е исто така забранета на веб-сајтови различни од ЗАЕДНО ПОСИЛНИ како и други медиуми за електронска дифузија на информации.