1 декември, Светски ден на свесноста за СИДА

Пратениците и Владата да го предвидат неопходниот буџет за лекување на пациентите со ХИВ и за одржување на мерките за превенција

Денес, на 1 декември, 2024 г., Светскиот ден на свесноста за СИДА, се потсетуваме дека ХИВ-инфекцијата е сè уште актуелен здравствен и социјален проблем. Глобална цел е до 2030 година да се стави крај на епидемијата на ХИВ, Иако Македонија бележи релативно низок број случаи, се проценува дека околу 30 проценти од вкупниот број лица што живеат со ХИВ не се свесни за својата инфекција, а околу половина од новооткриените случаи во годината се доцни дијагнози. Со тоа, земјата заостанува зад напредокот на светско ниво. Тоа укажува на недоволно инвестирање во свесноста за ХИВ и во мерките за превенција, особено тестирањето.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ