ПрЕП во Штип!

Што е ПрЕП?

Предекспозициска профилакса (ПрЕП) за ХИВ е таблета која те заштитува од ХИВ-инфекција. Тоа е средство за превенција препорачано од Светската здравствена организација за лица што имаат зголемен ризик од ХИВ. Во Македонија е достапно преку посебна програма што ја раководи Здружението „Заедно посилни“ во соработка со Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Прочитај повеќе…

Кој може да користи ПрЕП?

Во оваа програма може да се вклучат лица што имаат зголемен ризик да дојдат во контакт со ХИВ. При вклучување во програмата се прави проценка на ризикот преку која лицето само може да процени дали ПрЕП е соодветна алатка за превенција за него.

Како и каде да добијам ПрЕП?

Ако мислиш дека имаш зголемен ризик да се инфицираш со ХИВ и сакаш да се заштитиш, можеш да закажеш средба за информирање и проценка во „Заедно посилни“ на телефонските броеви:

02 3129 200 или 078 235 632

Смените за ПрЕП се одвиваат секој вторник и четврток од 15:00 до 17:00, во Советувалиштето за ХИВ при Клиниката за инфективни болести.

Ново! Од февруари 2026 г., смена за ПрЕП ќе се одржува еднаш месечно и во Штип, преку подвижен пункт. Користењето на услугите од ПрЕП-програмата е бесплатно, дискретно и целосно доверливо, а за нив не ви потребен упат од матичен лекар.

ПрЕП во Штип

Услугите за ПрЕП во Штип ќе бидат достапни за заинтересирани лица еднаш во месецот преку подвижен пункт на здруженијата „Заедно посилни“ и ХЕРА. За информации за местото и датумот, како и за да закажете посета на пунктот за ПрЕП, јавете се во „Заедно посилни“ на 02 3129 200 или 078 235 632. Медицинскиот дел од проценката и неопходните лабораториски тестови ќе бидат спроведени во соработка со лекар од Клиничката болница во Штип.

Користењето ПрЕП е доверливо: информацијата дека користиш ПрЕП нема да биде достапна надвор од оваа програма.

Важно!

ПрЕП штити само од ХИВ. Кондомот и лубрикантот се исто така високо ефикасна заштита од ХИВ, а истовремено значително го намалуваат ризикот и од други сексуално преносливи инфекции.