Дигиталните права во здравството: колку се заштитени медицинските податоци на македонските граѓани?

На 4-ти април 2025 година во Хотел Парк, Скопје се одржа работилница за новинари со наслов „Дигиталните права во здравството: колку се заштитени медицинските податоци на македонските граѓани?“

Преку дискусиите на оваа работилница беа анализирани и расветлени неколку клучни аспекти на заштитата на медицинските податоци на македонските граѓаните наспроти стандардите што се применуваат во Европската Унија. На работилницата имаше дискусија за различните аспекти на заштитата на медицинските податоци, како сопственоста на податоците, правата на пациентите во однос на нивното електронско медицинско досие и неопходноста како критериум за обработка на медицинските податоци.

Нашата заедничка цел е подигнување на свеста кај здравствените работници и пациентите околу заштитата на медицинските податоци, но и последиците во ситуации кога податоците се обработуваат непропорционално и без легитимна цел. Во ерата на дигиталната безбедност, заштитата на медицинските податоци коишто содржат чувствителни информации треба да биде од исклучителна важност и приоритет на надлежните власти.

Очекуваме ваквите активности директно да придонесат кон подигнување на свесноста на пациентите за нивните дигитални права, но и да ги насочат здравствените работници кон реалните последици при неовластено откривање на податоците на пациентите. Истовремено, се надеваме дека ова ќе доведе до приближување на македонската легистлатива кон европските стандарди.

Оваа активност е во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“, спроведуван од BIRN Kosovo, а финансиски поддржан од Европската унија.