ИТ експерт за надрградба на софтвер

Повик за ангажирање ИТ експерт за надградба на софтвер за следење на програмски активности и систем за следење на успешност по индикатори

Датум на објавување: 5 февруари 2021 г.

Краен рок: 12 февруари 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање ИТ експерт за надградба на софтвер за следење на програмски активности и систем за следење на успешност по индикатори. Основна цел на оваа надградба е подобрување на функционалностите на софтерското решение, кое треба да придонесе за подобра ефикасност и организација при пребарување со бараните податоци, контрола и увид од страна на корисниците во реално време, како и додавање дополнителни полиња за внес, кои што ќе овозможат подетално филтрирање при приказ на извештаите.

Оваа позиција е овозможена во рамки на проектот „Одржливост на сервисите за клучните популации во Источна Европа и Централно Азискиот регион (ОДРЖЛИВОСТ НА СЕРВИСИТЕ ЗА ХИВ)“ кој Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ го спроведува во соработка со организациите ХЕРА и ХОПС.

Опис на ангажманот

Експертот ќе направи интервенции во централната база на податоци за следење на програмските активности од Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, која е во сопственост на Институтот за јавно здравје, со цел базата да се унапреди врз основа на согледувања за нејзиното функционирање во изминатите години и потребите за дополнителни функционалности идентификувани од Институтот и граѓанските организации што ја користат за програмско известување.

Техничка спецификација

Софтверот за следење на програмски активности е web базирано решение направен во програмскиот јазик Java со користење на Vaadin Framework, MySql база на податоци и Tomcat Application Server.

ИТ експертот треба да предложи решение со следните главни функционалности на датабазата:

  • Дефинирање на цели
  • Дефинирање на предмети
  • Дефинирање на области
  • Доделување на активности на работни организации
  • Креирање на работни задачи за активности и тренинзи
  • Креирање на матична листа
  • Внес и креирање на регистар на услуги
  • Керирање на извештаи за матични листи, тренинзи
  • Програмски извештај
  • Дневен, полугодишен и детален извештај
  • Креирање на корисници, локација по градови и работни места
  • Доделување на пермисии и улоги

За својата работа експертот одговара пред програмскиот координатор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование од областа на информатичките науки;
  • Познавање на бази на податоци MySQL;
  • Дизајн на софтверски решенија;
  • Искуство во спроведување на слични интервенции;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
  • Изградена способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

Критериуми за избор

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во развивање и надградба на бази на податоци;
  • Познавања релевантни за конкретната проблематика, а особено бази на податоци за следење на спроведувањето на програми и на испорака на социјални или здравствени услуги;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

Временска рамка, надомест и други услови

Ангажманот предвидува потпишување договор за услуги со покриен персонален данок на доход. Предвидениот надомест за овој ангажаман е во бруто износ од 1.540 долари во денарска противвредност. Финализирањето на предвидените интервенции е 30 дена од денот на потпишување на Договорот.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 12.2.2021 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за интерес (до 250 збора) во кое накратко ќе го образложат предложениот пристап во работата кој би го примениле и ќе се осврнат на личната мотивација за овој ангажман;
  • Професионална биографија, која ќе го прикаже работното искуство релевантно за овој повик.
  • Контакт за препорака од одговорно лице од компанија/граѓанска организација за која ИТ експертот спровел релевантен процес – равивање или надградба на софтвер.

Документите за пријавување на повикот со назнака „ИТ експерт за надградба на софтвер“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу тројца најдобро рангирани кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран експертот кому ќе му биде доделен ангажманот. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатот од изборот по електронски пат во рок од 7 дена по затворањето на повикот.