Што треба да знаеш за периодот на прозорец?

ХИВ-тестот не може да открие инфекција веднаш по изложувањето. Времето меѓу изложувањето и моментот кога тестот може да ја открие инфекцијата се нарекува „период на прозорец“. „Периодот на прозорец“ за оралните тестови е три месеци.

Траењето зависи од видот на тестот што го правиш. Ако добиеш негативен резултат во периодот на прозорец, тоа не ја исклучува инфекцијата од неодамнешното изложување. Можеби ќе треба да го повториш тестот по завршувањето на тој период.