Бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање во „Заедно посилни“

Кај нас ХИВ-тестирањето е бесплатно и анонимно, се прави со брз орален тест, а резултатот е готов за 20 минути.

Можеш да избереш:

  • Тестирање во нашите простории, со поддршка од советувач – во доверлива средина, анонимно, со насоки за употреба на тестот и советување.
  • Самостојно тестирање во домашни услови – можеш да подигнеш тест од нашите простории и да го направиш самостојно, следејќи го упатството во пакувањето.

Ако добиеш реактивен резултат, потребно е дополнително, потврдно тестирање. Ќе ти обезбедиме информации и поддршка за следните чекори.