Kолку често е препорачливо да правиш ХИВ-тест?

Се препорачува секое сексуално активно лице барем еднаш во животот да направи ХИВ-тест, а доколку постои ризик од изложеност — да се тестира редовно.

Не треба да чекаш да се појават симптоми за да направиш тест. ХИВ може да биде присутен подолго време без забележливи знаци.

Особено е важно да направиш ХИВ-тест ако:

  • Си имал анален или вагинален секс без кондом или друга ефикасна заштита од ХИВ;
  • Кондомот пукнал или се лизнал при сексуален однос;
  • Си споделувал игли, шприцови или друга опрема за инјектирање;
  • Ти е дијагностицирана друга сексуално пренослива инфекција.

Ако си сексуално активен маж што има секс со мажи, се препорачува да се тестираш најмалку еднаш годишно. Ако имаш почести можни изложувања, особено ако не користиш кондом редовно и не земаш ПрЕП, тестирањето на секои 3–6 месеци може да биде соодветно за тебе.