Како правилно се користи кондом?

Прв чекор: Кондомот вни мателно отвори го и извади го од пакувањето, без да го оштетиш.

Втор чекор: Подмачканата страна е секогаш однадвор. При ставањето на кондомот треба да го држиш за резервоарот на врвот, со што го истиснуваш воздухот од него, и да почнеш со отворање на прстенот.

Трет чекор: Кондомот стави го на еректиран пенис. Постепено навлечи го кондомот до коренот на пенисот и истисни го преостанатиот воздух за да се израмнат наборите.

Четврт чекор: По ејакулацијата (свршувањето), кондомот треба внимателно да го завиткаш во хартиено марамче или тоалетна хартија, за да не протече.

Петти чекор: Употребениот кондом немој да го фрлаш во WC школка, туку во корпа за отпадоци.

Немој повторно да користиш веќе користен кондом, доколку во истиот сексуален чин го менуваш типот на сексот (пр. анален, па вагинален или орален).