Лубрикантот го намалува триењето, може да го зголеми уживањето и го намалува ризикот кондомот да се скине. Особено е важен при анален секс, бидејќи анусот нема природно подмачкување.
Со кондоми од латекс користи лубрикант на водена или силиконска основа. Вазелин, масла и кремови за тело можат да го оштетат латексот и да доведат до кинење на кондомот.