Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година.
Оваа одлука со која финансиската поддршка, зависно од институцијата, или целосно се укинува или сериозно се намалува, е донесена на нетранспарентен начин, без консултација со граѓанските организации, засегнатите страни и пошироката јавност, што говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време. Со одлуката со која се намалуваат приближно 525.000 евра неопходна поддршка, државата де-факто го иззема граѓанското општество како релевантен партнер во справувањето со кризата предизвикана од епидемијата на COVID-19.
Препознавајќи ја итноста на ситуацијата, граѓанските организации уште од самиот почеток на епидемијата многу брзо и ефикасно се мобилизираа, ги ставија на располагање сите свои ресурси и преку низа активности обезбедија директна и хуманитарна помош за најпогодените граѓани. Оваа брза реакција за преземање активности кои се од огромно значење за граѓаните, но и за директно справувањето со кризата, за жал Владата на РСМ не ја препознава како партнерство во борбата со COVID-19. Дотолку повеќе, одлуката за намалување на финансиската поддршка на Владата на РСМ сериозно ја отежнува одржливоста и тековната работа на организациите, особено во однос на нивната помош и поддршка на заедниците во време на криза.
Граѓанските организации се клучен сегмент во едно демократско општество, тие имаат вештини, знаење, услуги и пристап до приоритетните целни групи, коишто најчесто се многу посоодветни од оние на државните институции. Оваа вонредна состојба, сериозно го погоди и граѓанското општество заедно со сите останати сегменти. Намалувањето на финансиската поддршка го лишува секторот од значаен извор на средства неопходни за функционирање во и вон услови на криза, ја загрозува достапноста на поддршката што организациите ја пружаат на граѓаните и во крајна линија ќе доведе до ситуација во која луѓе од секторот ќе останат без основниот извор на приходи.
Граѓанското општество има целосно разбирање за кризната состојба во која се наоѓаме, како и за потребата од солидарност, но во услови кога граѓанските организации работат на санирање на штетите од новонастанатата ситуација, со што помагаат на Владата на РСМ во справувањето со здравствената криза, вакви сериозни намалувања ќе бидат штетни по долгорочната работа на граѓанските организации.
Заради тоа ја повикуваме Владата да ја промени својата одлука и преку дијалог и на транспарентен начин да врати дел од средствата за нивната првична намена – поддршка на граѓанските организации за остварувањето на нивните мисии и цели, но особено за поддршка на активностите за справување со кризата предизвикана од епидемијата.
Официјалната реакција е доставена до Владата на РСМ, a целосниот текст можете да го најдете на следниот линк: https://bit.ly/34Pqbk7
Со почит,
Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар; Блупринт група за реформи во правосудството; Виа вита, Битола; Доверба, Скопје; ЕГАЛ, Скопје; ЕХО – Едукативно-хуманитарна организација, Штип; Заедно посилни; Здружение Гласен Текстилец, Штип; Здружение Глобал, Битола; Здружение за давање услуги на лицата со попреченост ХЕНДИМАК, Тетово; Здружение за дислексија АЈНШТАЈН; Здружение за едукација на земјоделци Зелена берза, Битола; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ; Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР; Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т., Прилеп; Здружение за рурален развој Локална акциона група Агро Лидер, Кривогаштани; Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен работник, Прилеп; Здружение Мултикултура, Тетово; Здружение Национален ромски центар, Куманово; Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија – ЗРДИЦМ; Зона, Кавадарци; Избор, Струмица; Институт за демократија „Социетас цивилис“; Институт за европска политика; Институт за човекови права; ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците; Коалиција „Сите за правично судење“; Коалиција Маргини; Конект; ЛГБТИ Центар за поддршка; Македонска платформа против сиромаштија; Македонски центар за меѓународна соработка; Македонско здружение на млади правници; Медиа Плус, Штип; Младински клуб, Штип; Младински културен центар – Битола; Младински образовен форум; Мрежа за спречување и заштита од дискриминација; Национален младински совет на Македонија; Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство; НВО „КХАМ“, Делчево; НВО Инфоцентар; Независен академски синдикат – НАкС; Опција, Охрид; Платформа на граѓански организации за борба против корупција; Платформа за родова еднаквост; Пулс, Куманово; Реактор – Истражување во акција; Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА, Битола; Рурална коалиција, Куманово; Сојуз на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови, Кривогаштани; Транспаренси Интернешнл – Македонија; Транспарентност Македонија; FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики; Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа; Фондација за интернет и општество Метаморфозис; Фондација за развој на локалната заедница, Штип; Фондација Отворено општество – Македонија; Фондација ЦЕЕД Македонија; Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“; ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација; ХЕЛП, Гостивар; Хелсиншки комитет за човекови права; ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување; ХОПС – Опции за здрав живот Скопје; Центар за граѓански комуникации; Центар за едукација и тренинзи АКТИВ ЛАЈФ, Тетово; Центар за истражување и креирање политики; Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија; Центар за правни истражувања и анализи; Центар на заедницата на општина Струга, Струга
Shoqëria civile dhe Këshilli për bashkëpunim dhe zhvillim të sektorit civil i bëjnë thirrje Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut që të rishqyrtojë dhe ndryshojë vendimin e saj për të ulur në mënyrë drastike mbështetjen financiare për organizatat e shoqërisë civile, botuar në Gazetën Zyrtare të RMV më 9 prill 2020.
Ky vendim, me të cilin mbështetja financiare, në varësi të institucionit, ose është shfuqizuar plotësisht ose reduktuar rëndë, është marrë në një mënyrë jo transparente, pa u konsultuar me organizatat e shoqërisë civile, palët e interesuara dhe publikun e gjerë, i cili flet për qëndrimin joparimor të Qeverisë ndaj shoqërisë civile në këtë kohë krize. Me vendimin për të zvogëluar mbështetjen e nevojshme prej afro 525,000 euro, shteti de fakto përjashton shoqërinë civile si partner përkatës në trajtimin e krizës së shkaktuar nga epidemia e COVID-19.
Duke njohur urgjencën e situatës, organizatat e shoqërisë civile që nga fillimi i epidemisë u mobilizuan shumë shpejt dhe me efikasitet, vunë në dispozicion të gjitha resurset e tyre dhe përmes një seri aktivitetesh siguruan ndihmë të drejtpërdrejtë dhe humanitare për qytetarët më të prekur. Fatkeqësisht, Qeveria e RMV-së nuk e njeh këtë reagim të shpejtë për ndërmarrjen e veprimeve që kanë një rëndësi të madhe për qytetarët, por edhe për trajtimin e drejtpërdrejtë të krizës, si një partneritet në luftën kundër COVID-19. Për më tepër, vendimi për të zvogëluar mbështetjen financiare të Qeverisë së RMV-së pengon seriozisht qëndrueshmërinë dhe punën e vazhdueshme të organizatave, veçanërisht në drejtim të ndihmës dhe mbështetjes së tyre për bashkësitë në kohë krize.
Organizatat qytetare janë një segment I rëndësishëm në një shoqëri demokratike, ato kanë aftësi, njohuri, shërbime dhe qasje në grupet e synuara prioritare, të cilat shpesh janë shumë më të përshtatshme sesa ato të institucioneve shtetërore. Kjo gjendje e jashtëzakonshme ka prekur seriozisht shoqërinë civile, së bashku me të gjithë segmentet e tjera. Reduktimi i mbështetjes financiare privon sektorin nga një burim i konsiderueshëm i financimit të nevojshëm për të funksionuar brenda dhe jashtë kushteve të krizës, rrezikon qasjen e mbështetjes që organizatat ofrojnë për qytetarët dhe përfundimisht çon në një situatë në të cilën njerëzit e sektorit do të mbeten pa burime bazë të të ardhurave.
Shoqëria civile ka mirëkuptim të plotë për situatën e krizës në të cilën gjendemi, si dhe nevojën për solidaritet, por në kushte kur organizatat e shoqërisë civile po punojnë për të riparuar dëmet nga situata e re, me çka ndihmon Qeverinë e RMV-së në trajtimin e krizës shëndetësore, ulje të tilla serioze do të jenë të dëmshme për punën afatgjate të organizatave qytetare.Prandaj, i bëjmë thirrje Qeverisë që të ndryshojë vendimin e saj dhe përmes dialogut dhe në mënyrë transparente të kthejë një pjesë të fondeve për qëllimin e tyre fillestar – mbështetje të organizatave qytetare për të arritur misionet dhe qëllimet e tyre, por veçanërisht për të mbështetur aktivitetet për t’u ballafaquar me krizën e shkaktuar nga epidemia.
Reagimi zyrtar i është dorëzuar Qeverisë së RMV-së, dhe teksti i plotë mund të gjendet në lidhjen e mëposhtme: https://bit.ly/34Pqbk7