Назив на стручната активност:
„ХИВ-инфекцијата денес – дијагностика, лекување, професионален ризик и профилакса“
Датум и место на одржување: 17-19 март 2023 г., Mia’s favorite хотел, Маврово
Continue readingОсновни поими и информации за ХИВ и СИДА, како се пренесува ХИВ, каде да се тестирам, како да се заштитам, ХИВ и СИДА во Македонија и во светот, препорачана терминологија...
Што ако имам ХИВ, лекување и терапија, антиретровирусни лекови кај нас, публикации за луѓе со ХИВ, корисни извори на информации, кои се моите права како пациент...
Истражување и развој на лекови, контрола на квалитетот на лековите, регистрација и увоз на лекови, оригинаторски и генерички лекови, закони и подзаконски акти, АРТ...
Назив на стручната активност:
„ХИВ-инфекцијата денес – дијагностика, лекување, професионален ризик и профилакса“
Датум и место на одржување: 17-19 март 2023 г., Mia’s favorite хотел, Маврово
Continue readingСкопје, 30 јануари, 2023 г. – Граѓанските организации кои се дел од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како избрани претставници на граѓанскиот сектор, искажуваат силен револт од односот на Владата кон Советот и воопшто кон граѓанското општество. За таа цел, бараме од Претседателот на Владата г-динот Димитар Ковачевски да оствари средба со претставници на граѓанските организации од Советот на која очекуваме да ја појасни политиката на Владата кон граѓанското општество, да се постигне согласност за претходно покренатите проблематични прашања и вистински да се возобнови дијалогот кој беше воспоставен во изминатите години.
Ние, членовите на Советот за соработка од редот на граѓанските организации, констатираме дека во изминатата година работењето на Советот беше оневозможено преку владиното игнорирање на клучните негови препораки и заклучоци, што е основна негова надлежност како советодавно тело на Владата. Неколкуте обиди да се воспостави директна комуникација, а воедно и средба со Претседателот на Владата и со претставници од Владата за да се дискутира за суштински прашања што го засегаат функционирањето на граѓанското општество досега беа оставени без одговор.
Длабоко сме загрижени поради влошената соработка, отсуството на суштинска, па дури и на формална комуникација и дијалог. Функционирањето на граѓанското општество е клучен показател за демократската клима во земјата, а кога тоа е загрозено – доведен е во прашање и напредокот на земјата, како и нејзиното приближување до Европската Унија. Во изминатиов период, а и сега, посебно ги потенцираме како предизвици следните прашања:
Згора на оваа ситуација, повеќе граѓански организации пријавуваат дека е значително стеснет просторот за работа на здруженијата и фондациите, а комуникацијата со повеќе министерства е влошена до загрижувачки размери, што се констатира и во повеќе извештаи кои се изготвени за овозможувачката околина на граѓанските организации.
Имајќи го предвид сето горе наведено, очигледно е дека Владата не работи на постигнување на целите на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 и не го спроведува акцискиот план на оваа Стратегија. Истовремено, со оглед на нарушената работа на Советот, не функционира ниту системот за следење на исполнувањето на обврските на Владата од оваа стратегија, за што Советот има мандат.
Вреднувајќи го незаменливиот придонес на граѓанското општество за напредокот на земјата и поддршката што овој сектор ја дава на патот на интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, членовите на Советот од редот на граѓанските организации очекуваат дека Претседателот на Владата и Владата на Република Северна Македонија ќе демонстрираат конструктивност и зачувување на основните демократски вредности за кои се залагаме како држава, со што нема да се доведе во прашање работата на цел еден сектор во ова општество. За таа цел, покрај ова јавно обраќање, ново барање за средба е доставено до кабинетот на Претседателот на Владата, како и до Претседателот на државата, релевантни комисии при Собранието на Република Северна Македонија и Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Избрани претставници на граѓанскиот сектор во Советот за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и граѓанското општество, со своите организации:
Скопје, 23 декември, 2023 г. – Владата на Република Северна Македонија предложи срамен и произволен буџет за здравство за 2023 година, без никаква анализа и во нетранспарентна постапка, кој Собранието го усвојува без суштински интервенции. Во моменти на криза, Владата целосно го запоставува здравјето на граѓаните. Ваквата негрижа за многу наши блиски ќе биде прашање на живот или смрт. Притоа, станува збор за смртни случаи коишто може да се избегнат доколку се обезбеди соодветна превенција и современа терапија.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕПродолжен рок за пријавување: 12 август 2022 г.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање за консултантска позиција:
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕПродолжен рок за пријавување: 12 август 2022 г.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање за консултантска позиција:
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕПродолжен рок за пријавување: 12 јули 2022
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата
асистент за застапување
Позицијата се отвора за период во траење до крајот на 2022 година, со тримесечен пробен период и планирано продолжување по 31.12.2022.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕПродолжен рок за пријавување: 12 јули 2022
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата
асистент за комуникации
Позицијата се отвора за период во траење до крајот на 2022 година, со тримесечен пробен период и планирано продолжување по 31.12.2022.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕДатум на објавување: 23 април 2022 г.
Краен рок: 30.06.2022 г.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање за консултантска позиција:
Оваа консултантска позиција е овозможена во рамките на поддршката на годишната работна програма на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, која е финансиски поддржана од Европската Унија.
На повикот може да се пријават физички или правни лица.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕТекстот што следува е наменет за сите луѓе што живеат со ХИВ во Македонија, а се однесува на актуелната криза со недостиг на антиретровирусни лекови. Во него се обидуваме да одговориме на главните прашања што веројатно ги има секое засегнато лице.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ