ПОВИК за ангажирање консултант за развивање на комуникациска стратегија и протокол за комуникација

Датум на објавување: 18 август 2021 г.
Краен рок: 25 август 2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање консултант за развивање на комуникациска стратегија и протокол за комуникација на Здружението.

Оваа консултантската позиција е овозможена во рамките на поддршката од програмата Цивика Мобилитас.

Контекст

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е здружение на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија. Основано е во 2010 година, најпрвин како група за поддршка и активизам, а како самостојна организација е регистрирано во декември 2013 година.

Здружението ги поддржува луѓето што живеат со ХИВ во остварувањето на нивните права. Во исто време, обезбедува услуги во заедницата и настојува да влијае врз јавните политики со цел да се стави крај на епидемијата на ХИВ и да се осигури подобро здравје за сите луѓе.

Посебно се залага за обезбедување континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и сеопфатен третман на ХИВ-инфекцијата, во согласност со најновите достигнувања во науката.

Во тие рамки, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ се застапува и за достапност на сите потврдени алатки и мерки за заштита од ХИВ, вклучувајќи и ПрЕП, ПЕП, интегрирани услуги за сексуално здравје и др. и верува дека луѓето треба да имаат избор за да носат одлуки за заштита на своето здравје и здравјето на заедницата.

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ покрива неколку клучни области во своето работење:

· ПОДДРШКА: поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија: психосоцијална, врсничка и правна помош;

· ПОЛИТИКИ: застапување за правата на луѓето кои живеат со ХИВ, особено во пристапот до современа и квалитетна терапија и лекување и учество во креирањето на јавните политики за заштита од ХИВ;

· МОБИЛИЗАЦИЈА: подигнување на јавната свесност за ХИВ, јакнење, едукација и мобилизација на заедниците особено засегнати од ХИВ;

· ХИВ-ТЕСТИРАЊЕ и ПРЕВЕНЦИЈА: услуги за ХИВ-тестирање, ПрЕП и сексуално здравје во рамките на заедницата.

Развивањето на комуникациската стратегија треба да послужи како патоказ и алатка за реализација на стратешките цели и приоритети на Здружението.

Опис на работните задачи на консултантот

Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи:

– да направи преглед на релевантни документи;

– да изврши проценка на комуникациските канали и пракси на организацијата, како и на медиумските трендови поврзани со темите ХИВ и СИДА;

– да го води процесот на развивање на комуникациска стратегија;

– да подготви и фацилитира дводневна главна работилница за развивање на комуникациската стратегија на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, за ориентационен период од 4 години, со номинирана работна група од организацијата (вклучувајќи членови на управниот одбор, извршната канцеларија и членови на организацијата, а евентуално и избрани надворешни соработници);

– да предложи преглед на најсоодветните алатки, канали и пристапи на комуникација во согласност со целите и областите на делување на Здружението;

– да подготви предлог-комуникациска стратегија;

– да подготви предлог организациски протокол за комуникација;

– да подготви конечни верзии на комуникациската стратегија и протоколот за комуникација.

За својата работа консултантот одговара пред програмскиот координатор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:

– Диплома за завршено високо образование во релевантна област (пр. комуникологија, медиуми, филологија и сл.);

– Одлично познавање на процесите на планирање и изработка на стратегии за комуникација;

– Најмалку 5 години искуство во областа на стратешки комуникации или медиуми;

– Искуство како фацилитатор на процеси за изработка на комуникациски стратегии, планови и/или алатки на најмалку 2 граѓански организации;

– Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;

– Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

Критериуми за избор

Предност ќе имаат кандидати со:

– Искуство во спроведување процеси на планирање и изработка на комуникациски стратегии на граѓански организации;

– Искуство во областа на комуникациите поврзано со социјални теми;

– Искуство во процеси поврзани со комуникациски активности за различни ентитети (не само на граѓански организации);

– Соодветна лична мотивација за конкретниот ангажман;

– Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

Временска рамка, надомест и други услови

Спроведувањето на процесот на развивање на комуникациската стратегија за 2021 – 2024 година, треба да заврши до 30 јуни 2021 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантските услуги со покриен персонален данок на доход. Предвидениот надомест за овој ангажман е во бруто износ од 50.000,00 денари.

Обврските ќе се спроведуваат во и вон канцелариите на Здружение ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Дводневната работилница ќе се одржи надвор од Скопје во средината на јуни 2021 година.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 25.8.2021 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

– Изјава за интерес во кое накратко ќе го образложат предложениот пристап и методите што би ги примениле во процесот на изработка на стратегијата и протоколот за комуникации за ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и ќе се осврнат на личната мотивација за овој ангажман;

– Професионална биографија, која ќе го прикаже работното искуство релевантно за овој повик, а особено организациите/субјектите за коишто консултантот спровел процеси на изработка на комуникациска стратегија.

Документите за пријавување на повикот со назнака „Повик за консултант за комуникациска стратегија“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу тројца најдобро рангирани кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатот од изборот по електронски пат во рок од 7-14 дена по затворањето на повикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>