Датум на објавување: 21 мај 2021 г.
Краен рок: 28 мај 2021 г.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање консултант за развивање веб-содржини во врска со политиките за достапност на лекови во Северна Македонија наменети за веб-страната на Здружението.Целта на оваа активност е да се развие сегментот на веб-страната на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ којшто се однесува на пристапот до лекови во Република Северна Македонија воопшто, со информации и осврти на актуелните политики за лекови, кој треба да служи уникатен ресурс од оваа област за пациентите воопшто и за граѓанскиот сектор.
Се предвидува содржините да бидат прилагодени за не-експертски читатели, а имајќи ги како целна група пациентите, нивните организации и другите организации што работат во секторот здравство, со цел да се создаде подобро разбирање на оваа комплексна и релативно запоставена тема во јавната сфера во Северна Македонија. Активноста е во насока промовирање на поголема вклученост на граѓанските организации во донесувањето на одлуки, креирањето на национални политики што се однесуваат на пристапот до животоспасувачки лекови за граѓаните на С. Македонија.
Овој консултантски ангажман е овозможен во рамките на институционалниот грант на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ од програмата Цивика Мобилитас.
Опис на ангажманот
Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи:
- Да креира популарни информативни содржини за политиките што ја регулираат достапноста на животоспасувачки лекови и терапии во светот, а особено во С. Македонија, вклучувајќи ги следниве области:
- Истражување и развој на лекови
- Контрола на квалитетот на лековите
- Регистрација и увоз на лекови
- Оригинаторски и генерички лекови
- Закони и подзаконски акти во Република Северна Македонија
- Антиретровирусна терапија во Македонија
- Во рамките на точката 1., како што е соодветно, да направи осврт на клучните меѓународни пракси и националните закони и подзаконски акти во горенаведените области;
- Да елаборира предлози за подобри решенија за јавни политики во однос на обезбедувањето пристап до животоспасувачки лекови во Р. Северна Македонија во консултација со Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, земајќи ги предвид неговите веќе воспоставени позиции во однос на оваа област, како и перспективата на јавниот интерес и интересот на јавното здравје.
За својата работа консултантот одговара пред програмскиот координатор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.
Профил и неопходни квалификации
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации:
- Релевантна универзитетска диплома во некоја од областите: фармакологија и фармација, јавно здравје, здравствени политики, здравствена економија, медицина или сродно;
- Работно искуство во областа на здравствените политики и политиките поврзани со обезбедувањето лекови во Република Северна Македонија;
- Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
- Изградена способност за тимска работа;
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.
Критериуми за избор
Предност ќе имаат кандидати со:
- Повисок степен на релевантно искуство;
- Соодветна лична мотивација за конкретниот ангажман.
Временска рамка, надомест и други услови
Процесот на креирање на веб-содржини за пристап до лекови на веб-страницата на Здружението треба да заврши до 30 јуни 2021 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги со покриен персонален данок на доход. Предвидениот надомест за овој ангажаман е во бруто износ од 30.000,00 денари.
Предвидените консултативни состаноци со одговорните лица од ЗАЕДНО ПОИСЛНИ ќе се одвиваат он-лајн преку платформата ZOOM, а по потреба и со физичко присуство.
Краен рок и потребни документи за пријавување
Најдоцна до 28.5.2021 г., заинтересираните кандидати треба да достават:
- Изјава за интерес
- Професионална биографија
Документите за пријавување на повикот со назнака „Повик за консултант – пристап до лекови“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:
Постапка за избор на консултант
Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу тројца најдобро рангирани кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатот од изборот по електронски пат во рок од 7 дена по затворањето на повикот.