Повик за ангажирање консултант за развивање на план и механизми за волонтирање

Датум на објавување: 26 февруари 2021 г.

Краен рок: 01.03.2021 г.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува повик за ангажирање консултант за развивање на план и механизми за вклучување на волонтери во спроведувањето на активности на Здружението, со дефинирани облици на волонтерски ангажман. Целта на оваа активност е Здружението да ги прошири и структурира можностите за волонтерски ангажман во својата работа и да ја зголеми мобилизацијата на млади активисти. Активноста се надоврзува на тековните активности од нашиот план за работа за 2020 г. за мобилизација на млади од ЛГБТ заедницата како група особено засегната од ХИВ според епидемиолошките податоци за С. Македонија, вклучувајќи како лица што живеат со ХИВ, така и ХИВ-негативни лица. 

Овој консултантски ангажман е овозможен во рамките на институционалниот грант од програмата Цивика Мобилитас.

Опис на ангажманот

Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи:

  • Да фацилитира два консултативни состанока со претставници на извршната канцеларија и членови на управниот одбор на Здружението;
  • Да направи анализа, дополнување и усогласување на постојната политика за волонтерство со Законот за волонтерство во Северна Македонија;
  • Врз основа на политиката за волонтерство да развие нацрт-план за волонтирање и механизми за вклучување. Да идентификува јасни процедури за спроведување на одредбите од политиката – начинот на регрутација, поддршка на волонтерите, почеток/крај на волонтерска работа, евиденција на волонтерската работа, надоместоци и сл.;
  • Да изготви годишна програма за волонтерство за 2021 г. со конкретно дефинирани облици на волонтерски ангажман.

За својата работа експертот одговара пред програмскиот координатор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Профил и неопходни квалификации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Искуство во спроведување на слични процеси во областа на организацискиот развој;
  • Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи;
  • Изградена способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

Критериуми за избор

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во развивање организациски политики и алатки со сродна тематика;  
  • Познавање на специфичните проблеми со коишто се соочуваат луѓето што живеат со ХИВ во Македонија;
  • Соодветна лична мотивација за конкретниот ангажман;
  • Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.

Временска рамка, надомест и други услови

Процесот на развивање на план и механизми за волонтерски ангажман и подготовката на финалните документи треба да заврши до 31 март 2021 г. Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантските услуги со покриен персонален данок на доход. Предвидениот надомест за овој ангажаман е во бруто износ од 22.000,00 денари.

Консултативните состаноци главно ќе се одвиваат он-лајн преку платформата ZOOM, а можно е да биде организирана и консултација со физичко присуство.

Краен рок и потребни документи за пријавување

Најдоцна до 05.03.2021 г., заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за интерес (до 250 збора) во кое накратко ќе го образложат предложениот пристап што би го примениле и ќе се осврнат на личната мотивација за овој ангажман;
  • Професионална биографија, која ќе го прикаже работното искуство релевантно за овој повик.
  • Контакт за препорака од одговорно лице од граѓанска организација за која консултантот спровел релевантен процес од областа на равивање организациски политики или од областа на организацискиот развој: име и презиме, телефон и електронска пошта.

Документите за пријавување на повикот со назнака „Повик за консултант – развивање на план и механизми за волонтерство“ треба да се достават електронски, на следната е-маил адреса:

[email protected]

Постапка за избор на консултант

Комисијата за избор на консултант ќе ги разгледа примените апликации, при што предвид ќе бидат земени само оние пријави коишто ја содржат комплетната документација и ги исполнуваат условите на повикот. Комисијата ќе изработи ранг листа на кандидати. Со најмногу тројца најдобро рангирани кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од оценката на документација наспроти условите на повикот и евентуалното интервју ќе биде избран консултантот кому ќе му биде доделен ангажманот. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатот од изборот по електронски пат во рок од 7 дена по затворањето на повикот.